Македонија
МНР: Нема најави за предлози од Нимиц
Нема најави, очекувања ниту индиции дека било какви предлози ќе бидат ставени на маса на закажаните средби на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски на 16-ти и 17-ти јануари во Њујорк, информираат од Министерството за надворешни работи.
Нема најави, очекувања ниту индиции дека било какви предлози ќе бидат ставени на маса на закажаните средби на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски на 16-ти и 17-ти јануари во Њујорк, информираат од Министерството за надворешни работи.
Како што велат од МНР, не постои никаква најава или одобрување од македонска страна за прифаќање на некој предлог.
„Сметаме за потребно да ја информираме јавноста дека нема никакви најави, очекувања ниту индиции дека било какви предлози ќе бидат ставени на маса на оваа средба. Истовремено не постои никаква потврда, најава, одобрување или произнесување од наша страна за прифаќање на некој предлог“, велат од МНР.
Реакцијата на МНР следува по информациите објавени во дел од македонските медиуми дека Нимиц на средбите ќе излезе со три предлози, а за еден од нив Македонија ќе искаже подготвеност да биде разгледан. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

