Македонија
Од 1 февруари поевтини лекови
Од 1 февруари лековите во земјава ќе се продаваат по пониски цени, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.
Од 1 февруари лековите во земјава ќе се продаваат по пониски цени, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.
Според најавата, вкупно1.299 лекови ќе бидат поевтини во просек за 32,54 отсто. Кај дел од лековите намалувањето на цената ќе се движи и до 70 отсто.
Методологијата на Министерството за здравство за пресметка на новите цени на лековите, ги прифатиле производителите и нема лекови кои ќе се повлечат од македонскиот пазар
„Ниту една компанија не се повлече од пазарот на Република Македонија и сите компании поднесоа барање за утврдување на цените на лековите согласно новата методологија. Ова покажува дека оваа реформа во делот на лековите е успешно имплементирана и ќе овозможи сериозна заштеда во здравствениот систем и во јавните здравствени установи, но ќе ја почувствуваат и граѓаните затоа што следствено со намалување на цените за голема продажба ќе се намали и малопродажната цена“ рече Тодоров./крај/макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

