Македонија
Четири години од падот на армискиот хеликоптер
Македонија денеска одбележува четири години од падот на армискиот хеликоптер Ми-17 кај Катлановско Блаце, кога загинаа 11 припадници на воздухопловниот ВИНГ.
Македонија денеска одбележува четири години од падот на армискиот хеликоптер Ми-17 кај Катлановско Блаце, кога загинаа 11 припадници на воздухопловниот ВИНГ.По тој повод, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда на АРМ, вВИНГ, како и членовите на семејствата на загинатите припадници денеска ќе положат венци со свежо цвеќе на спомен обележјата пред командата на вВИНГ во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце.На одбележувањето е предвидено присуство и на министерот за одбрана Фатмир Бесими, како и на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.Армискиот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година во услови на магла на враќање од Босна и Херцеговина. Загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски. Тие беа дел од мировната мисија на ЕУФОР во оваа екс-југословенска земја. Кон крајот на минатата година јавното обвинителство одлучи да не поведе постапка за кривична одговорност за падот на хеликоптерот. Како единствена причина за несреќата се наведува необученоста на пилотите да управуваат со вградените инструменти во сложени временски услови. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

