Македонија
Вранишкоски останува во Идризово
Расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Зоран Вранишковски останува во затворот во Идризово, јавува велешкиот веб-портал „Лисица“.
Расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Зоран Вранишковски останува во затворот во Идризово, јавува велешкиот веб-портал „Лисица“.
Во Основниот суд во Велес пристигна одлуката на скопска Апелација во која стои дека расчинетиот владика ќе остане зад решетки сè до повторното одлучување на велешкиот суд.
Претседателот на Основниот суд во Велес, Јордан Лазаров вели дека наскоро судот повторно ќе одлучува и ќе се знае дали ќе има повторување на судскиот процес во кој Вранишкоски е обвинет за проневера на 250 илјади евра, или тој ќе си ја одлежи затворската казна од две ипол години.
Велешкиот суд, пред една година го прогласи Вранишкоски за виновен во отсуство за незаконско трошење на пари кои ги земал од црквите и манастирите во Повардарската, Брегалничката и Пелагониско преспанската епархија.
Искористувајќи го правото да бара повторување на судењето пред еден месец Вранишковски дојде во Македонија. Надлежните го приведоа и тој заврши во Идризово, а неговите адвокати побараа во судот во Велес да започне ново судење.
На ова барање велешкиот суд одговори позитивно, но Основното јавно обвинителство до скопска апелација го обжали решението.
Сега повторно е на потег велешкиот суд. Тој ќе одлучува дали ќе има повторување на целиот случај или Вранишкоски ќе си ја одлежи казната. Затворска казна на расчинетиот владика на МПЦ досега му имаат изречено битолскиот и велешкиот суд, за ширење на верска омраза и проневера на донацијата на Трифун Костовски./крај/лисица/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

