Македонија
Средба Ахмети – Волерс, името и НАТО главна тема
САД да помогнат за Македонија да се зачлени во НАТО под привремената референца на самитот во Чикаго.
САД да помогнат за Македонија да се зачлени во НАТО под привремената референца на самитот во Чикаго.
Ова е барањето што лидерот на ДУИ Али Ахмети го упатил на средбата со американскиот амбасадор Пол Волерс во Тетово.
Ахмети, како што информираат од неговата партија, ја нагласил потребата од концентрирање на сите општествени капацитети во земјава и нивно ориентирање кон членството на земјава во НАТО што ќе овозможи сигурност, стабилитет, директни странски инвестиции, економски развој и здрави меѓуетнички односи.
„Претседателот Ахмети нагласи дека стратешки интерес на Македонија е да се построи рамо до рамо со земјите од западот и за ова, Албанците имаат голем интерес заедно со своите сограѓани. Секое одлагање предизвикува несигурност и незадоволство во земјава што остава можност за искористување од групи внатре и надвор од земјава што немаат интерес да ја видат Македонија и регионот како составен дел од НАТО“, соопштуваат од ДУИ.
Истовремено, лидерот на ДУИ го изразил уверувањето дека Македонија треба да продолжи со конструктивниот приод кон решавањето на прашањето со името и да ги убеди пријателите од меѓународната заедница во искреноста на напорите за членство во НАТО.
Волерс, пак, од своја страна, се сложил со неизбежната потреба за зачленување на Македонија во НАТО, посочувајќи дека сака да ја види Македонија во НАТО колку што тоа го посакува и самата земја.
На двоипол часовната средба Ахмети и Волерс се согласиле да ги продолжат заедничките напори за постигнување решение за зачленувањето на Македонија во северноатлантскиот сојуз. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

