Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Коректен предлог на СДСМ, да се праша семејството на Глигоров

Предлогот на СДСМ за именување на значајни институции или инфраструктурен објект со името на поранешниот претседател Киро Глигоров од ВМРО-ДПМНЕ го оценија како коректен и во исправна насока.
Предлогот на СДСМ за именување на значајни институции или инфраструктурен објект со името на поранешниот претседател Киро Глигоров од ВМРО-ДПМНЕ го оценија како коректен и во исправна насока.
Од владејачката партија велат дека се започнати проценки и анализи за тоа како е најсоодветно да се одбележи името на Глигоров, согласно претходните искуства и практики.
„Би напоменале дека институциите кои го носат името Македонија или придавка произлезена од името на државата, како Македонска Народна Банка, Македонска Академија на Науките и Уметностите, Македонска Радио Телевизија, Македонски Народен Театар имаат автентичен контекст. Во тој контекст во процесот на именување на институциите и на објектите по име на покојниот Претседател Киро Глигоров треба да се постапува со посебно внимание и секако со земање во предвид на размислувањето и желбата на семејството на Киро Глигоров“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ предложи Македонската опера и балет да го носи името на првиот претседател на независна Република Македонија. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се затвора депонија за отпад во Никуштак, локацијата не ги исполнува еколошките стандарди, одлучи Меџити

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донел одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопштија од неговиот кабинет.
Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.
„Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици.
Наредбата стапува на сила веднаш“.
Македонија
Граѓаните беа навреме известени за евакуација, СДС и Филипче без аргументи создаваат магла и лажни скандали, вели Митева за пожарот во Трубарево

Гледам денес Филипче решил да ме споменува и да прави конфузија во јавноста околу постапувањето и комуникацијата на Владата. Но, токму тоа покажува колку опозицијата е беспомошна, ова се класични обиди да се поткопа институционалната доверба. Тоа за мене е патолошки пристап во политика, кога нема аргументи, тогаш се создава магла околу фактите, пишува во објава на социјалните мрежи Марија Митева, портпаролка на Владата во врска со пожарот во Трубарево.
„Прво, да расчистиме една основна работа. Евакуацијата е процедура што се спроведува според строго утврдени стандарди. Граѓаните беа навреме известени, беа подготвени капацитети за згрижување и секој имаше право и можност самостојно да одлучи дали ќе ја искористи таа можност. Ова е основниот принцип на демократско и одговорно владеење. Затоа е апсурдно да се создава наратив за наводна хаотична или недоволна реакција – тоа е ништо друго освен свесно ширење паника.
Ако зборуваме за одговорност, уште поголем апсурд е фактот дека токму Филипче, човекот кој остана запаметен по најтешките скандали во здравствениот систем од провизиите за вакцини, трагичниот случај со модуларната болница, до низа нерасчистени одговорности денес да зборува за морал и да бара оставки. Тоа е навреда за колективната меморија на граѓаните“.
Според неа, апсолутно е невидена хипокризија партијата која повеќе од седум години имаше апсолутна контрола врз секторот за животна средина, како што вели, денес да поставува прашања за депониите и дали лиценците се исправни, а истата лиценца за која зборуваат е издадена во 2021 година.
„Со кого мислат дека разговараат? Народот не е ниту наивен ниту заборавен.
Одговорот е јасен, немаат суштинска критика, туку се обидуваат преку спинови да го релативизираат сопственото наследство на негрижа и злоупотреби.
Како опозиција се обидуваат да одржат политичката релевантност единствено преку создавање лажни скандали и конфузија. Но, тоа е политички концепт без визија, без аргументи и без перспектива. Ваквиот пристап го дефинирам како деструктивен и опасен, затоа што не им штети на институциите, туку директно на граѓаните. Се обидуваат со дневнополитички инсинуации да го потценат разумот.
Затоа, ваквите изјави никогаш нема да имаат политичка тежина“, додава Митева во објавата.
Македонија
Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево.
ИЈЗ додаваат од таму, во текот на вчерашниот ден испратиле обучен експертски тим од институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје.
„Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа.
Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за
испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности,
без отстапување.
Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по
која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.
Во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во
вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено
индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго
потекло“.
По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, според соопштеното, резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.