Македонија
Обид за шверц на 770 мобилни телефони преку „Александар Велики“
Мобилните царински екипи ноќеска спречиле шверц на вкупно 770 мобилни телефони на аеродромот „Александар Велики“, информираат од Царинската управа.
Мобилните царински екипи ноќеска спречиле шверц на вкупно 770 мобилни телефони на аеродромот „Александар Велики“, информираат од Царинската управа.
Телефоните се пронајдени во багажот на двајца косовски државјани со српски патни исправи, кои пет минути по полноќ пристигнале од Виена. Го привлекле на царинските служби, бидејќи со себе носеле четири патни торби и една голема пластична кеса. По контролата во нивниот багаж се најдени 770 парчиња најнови модели на мобилни телефони iPHONE 4, HTC, NOKIA, SAMSUNG, од кои за 240 постои сомнение дека прекршуваат права на интелектуална сопственост.
При распитот, едно од лицата изјавило дека е транспортер за фирма од Косово која на банкарска сметка во Дубаи му префрлила 60.000 долари, со кои во готово ги купил телефоните. Другото лице рекло дека телефоните не се негови и дека првообвинетиоот на аеродромот во Виена го замолил да му направи услуга и за него да пренесе една кеса, која ја ставил во својата торба.
Вредноста на мобилните телефони на пазарот би достигнала околу 120 илјади американски долари.
Стоката е привремено задржана и против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

