Македонија
Дополнителни три ленти на Табановце, се чека околу 30 минути
Македонската полиција отвори дополнителни три ленти за излез од земјата на граничниот премин „Табановце“ во пресрет на стартот на Европското ракометно првенство во Ниш.
Македонската полиција отвори дополнителни три ленти за излез од земјата на граничниот премин „Табановце“ во пресрет на стартот на Европското ракометно првенство во Ниш.
Ова е една од мерките што била договорена на вчерашниот состанок на двете гранични полиции. Истовремено, обезбедени се дополнителни три ленти за влез од српска страна.
Според информациите, кон Ниш веќе се упатиле 10-тина автобуси и поголем број возила со македонски навивачи, искористувајќи ја можноста за влез во Србија со лична карта, според режимот што стапи на сила ноќеска на полноќ. Просечното време на чекање за излез од земјава е 30-тина минути.
Дел од граѓаните веќе почнаа да го користат новиот режим на патување и да заминуваат кон Ниш, така што околу пладне на граничниот премин „Табановце“ веќе се упатиле 10-тина автобуси, но и поголем број возила на кои во шест ленти им се овозможува излез од земјава, а просечното време на чекање е околу 30-тина минути.
Најголема фреквенција се очекува во текот на утрешниот ден од 10.00 до 15.00 часот за кога се најавени 20-тина автобуси и комбиња, како и поголем број на патнички возила.
Навивачите кои ќе патуваат организирано од српска страна ќе бидат пречекувани и проследувани од српската полиција, додека од македонска страна на граничниот премин „Табановце“ ќе биде распореден и еден вод од Единицата за брзи интервенции во функција на дополнително обезбедување. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

