Македонија
Нов парк во Лисиче
Општина Аеродром распиша тендер за изградба на нов голем модерен парк во населбата Лисиче, како комбинација на уредени зелени и водени површини со спортско-рекреативни терени и детски игралишта.
Општина Аеродром распиша тендер за изградба на нов голем модерен парк во населбата Лисиче, како комбинација на уредени зелени и водени површини со спортско-рекреативни терени и детски игралишта.
Ова денеска го соопшти градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, кој заедно со претседателот на Советот на Општина Аеродром, Виктор Камилоски, одржа прес-конференција покрај булеварот „Србија“ на местото кадешто ќе се гради новиот парк.
„Граѓаните ќе добијат уште едно прекрасно зелено катче за одмор и рекреација, со што ќе се збогати и ќе се облагороди просторот, со очекување тој да стане „магнет“ за масовна посета на граѓаните“, изјави градоначалникот Коневски.
Претседателот на Советот Камилоски ја поздрави изградбата на паркот и изрази увереност дека овој проект ќе придонесе за прочистување на скопскиот воздух.
Станува збор за парк што ќе се простира на површина од околу 5 илјади квадратни метри, а ќе содржи песочник со трибини, детско игралиште со модерна урбана опрема, асфалтирано игралиште за кошарка, кое ќе биде оградено со метална мрежа и со поставени реквизити.
Исто така, во паркот се предвидува да има и водени површини, односно ќе се изградат фонтани, водоскоци, како и езерце со мост како продолжение на патеката што ќе минува преку езерцето. Водата за езерцето ќе се обезбедува од артериски бунар, кој ќе биде лоциран во паркот. Водата освен што ќе се користи за полнење на езерцето, ќе се користи и за полевање на зелените површини. Покрај езерцето, паркот ќе содржи и простор за одмор, поточно чешма со гарнитури за седење.
Новиот модерен парк, кој ќе биде целосно осветлен, ќе има пешачки патеки поплочени со гранитни плочки, фонтана за пиење вода, клупи за седење, канти за отпадоци и друга урбана опрема, како и хортикултурно уредување во комбинација со ниско, средно и високо зеленило. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

