Македонија
Случај Нешковски: „Тигарот“ Игор Спасов доби 14 години затвор
Игор Спасов, „тигарот“ кој беше обвинет за убиство на скопјанецот Мартин Нешкоски е осуден на 14 години затвор, јавува репортерот на Макфакс.
Игор Спасов, „тигарот“ кој беше обвинет за убиство на скопјанецот Мартин Нешкоски е осуден на 14 години затвор, јавува репортерот на Макфакс.
Спасов според обвинителниот акт крвнички го натепал скопјанецот Мартин Нешкоски поради банална причина. Мартин сакал да се качи на бина на која се прославувала победа на предвремените избори лани во јуни.
Судењето траеше неколку месеци. Беа сослушани над 30 сведоци. Секој сведок со своја приказна. Сите се виделе но и ништо конкретно не запомниле. Се појавија и сведоци кои биле директни учесници во дел од настанот , кои дури при крај на процесот отворија битни елементи од кои се расчистува полека случајот кој ја потресе и политичката јавност но и младината.
Спасов упорно тврди и се соочуваше со своите колеги дека бил на задача го бркал Нешкоски но не го убил. Тврдеше и се обидуваше да докаже дека некој друг е оној го задал смртоносниот удар над носот на Нешкоски од што се создало внатрешно крварење. Според обдукцијата токму тоа е причина за смртта на момчето, но никој не го даде одговорот како последица од чиј удар е.
Излегоа сведоци кои збунети од изгледот на Спасов , кој пуши брада и коса се двоумеа дали е тоа момчето што го виделе вечерта но имаше и такви кои брадата не ги збуни и беа категорични дека Спасов е виновникот.
Семејството на Нешкоски преку своите тројца адвокати и обвинител покажаа со прст кон Спасов но на крајот во судницата мајката на Нешкоски праша : “Кој го уби кој ?Кажи!“. Таа го праша токму обвинетиот Спасов кој сигурен во себе со гордо крената глава кажа дека не е виновен и жали бидејки некој сака да го претстави како голем злосторник и нечовек. Признава дека се карал и се бркал со Нешкоски но никако не прифаќа дека го претепал до смрт.
Судскиот процес се одвиваше во тешка и мачна атмосфера. Малечка судница многу луѓе. Судот не обезбеди ниту елементарни услови за роднините на Нешкоски да го пратат судскиот процес. Постојано беа на нога столче едвај се наоѓаше само за мајката на Мартин.
Доказната постапка заврши. Александар Нешкоски брат на убиениот Мартин и семејството без оглед на пресудата најавуваат понатамошна борба за да дојдат до вистината кој го уби нивниот Мартин. Денеска ќе ја чујат пресудата, на пладне ќе протестираат и ќе оддадат почит на местото каде Мартин издиша. Веќе утре ја продолжуваат потрагата. /крај/км/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

