Македонија
Протест и барање да не запре истрагата за смртта на Нешкоски
Точно на пладне триесетина младинци се собраа на Плоштадот Македонија, два часа по соопштувањето на пресудата против тигарот Игор Спасов кој го уби Мартин Нешкоски.
Точно на пладне триесетина младинци се собраа на Плоштадот Македонија, два часа по соопштувањето на пресудата против тигарот Игор Спасов кој го уби Мартин Нешкоски. Протестот траеше два часа. Семејството на Нешкоски и неговите најблиски пријатели од Плоштад преку ГТЦ со транспаренти и пароли извикувајќи “Спасов не е единствен” и “Стоп за полициската бруталност” стигнаа до скопското обвинителство. Таму се задржаа петнаесетина минути каде предадоа барање обвинителството и понатаму да ја бара одговорноста за смртта на Нешкоски и да истражува чија е командната одговорност. Тие апелираат да не остане целиот случај одговорност само на Спасов. Потоа групата на која и се придружија пратеници од СДСМ се врати на Плоштад на местото каде Мартин Нешкоски беше претепан и почина. Со повеќеминутно молчење му оддадоа почит. крај.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без знаци на живот утрово пронајдена планинарка, извести ЦУК
Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што беше организирана потрага што продолжи и денеска од утрово, кога се раздени.
Во потрагата беа вклучени ренџери од НП „Шар Планина“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци од МВР, 5 полициски службеници од ПС Теарце. Утрово, од НП „Шар Планина“ известија дека денеска во 07.30 часот е пронајдена жената во месноста „Ружен Камен“, но без знаци на живот. За извлекување на настраданата жена од тежок и непристапен терен се интервенира и од страна на алпинистот Надир Мурсели, којшто помага при вакви случаи на Шар Планина. Увид на местото ќе изврши екипа од СВР Тетово, а е известен и Јавен обвинител, извести ЦУК.
Македонија
„Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече ,будали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече „будали“. СДС упорно продолжува да ги понижува граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Очигледно е дека СДС се нервозни од најновата анкета во која нивната партија има дополнително ослабнато споредено со изборите, но тоа не е и не може да биде оправдување за да ги вреѓаат граѓаните.
СДС не смее да го навредува народот, тоа што се спречени да крадат и затоа се најмногу нервозни треба да го земат за лекција, да се реформираат и да се исчистат од криминалци, а не да мечтеат за да продолжат по истите патеки каде што застанаа.
Очекуваме извинување од СДС до граѓаните и осуда од сите чинители во државата. Ваквиот однос на политичка партија која претендира да биде најголема опозициска партија не смее да биде пракса“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Сончево и постудено, со засилен ветер од северен правец
Времето денеска ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северoзападен ветер (наместа над 70км/ч.).
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени.
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Денеска ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер повремено со брзина над 70 km/h. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд повремено пообилни.