Македонија
Иванов: Недостигот од волја кај грчките власти за ангажман во спорот со името
Кризата го Грција не треба да биде оправдување за тамошните власти за одбегнува иницијативи за надминување на спорот со името, рекол претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со американскиот заменик-помошник државен секретар за името Филип Рикер.
Кризата го Грција не треба да биде оправдување за тамошните власти за одбегнува иницијативи за надминување на спорот со името, рекол претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со американскиот заменик-помошник државен секретар за името Филип Рикер.
Актуелната состојба во разговорите со Грција била главна тема на средбата на Иванов со Рикер. Македонскиот претседател оценил дека има недостаток на волја кај грчката страна за ангажман за надминување на отвореното прашање.
„Како загрижувачки развој на настаните, претседателот Иванов го посочи недостатокот на волја кај грчкото раководство сериозно да се ангажира за надминување на ова прашање. Претседателот Иванов истакна дека објективните политички и економски проблеми со кои се соочува Република Грција не треба да се оправдување за грчкиот политички врв да одбегнува иницијативи за изнаоѓање на заемно прифатливо решение и изрази незадоволство од одлуката на грчките власти да ја прекинат практиката на директни средби на високо ниво меѓу двете држави. Претседателот Иванов ја повтори подготвеноста на Република Македонија, како и досега, активно и конструктивно да учествува во процесот кој се води во ОН, и искажа очекување дека нашиот сосед ќе покаже одговорен однос, дека ќе покаже конструктивност и во целост ќе ја почитува Времената спогодба и пресудата од Хаг“, велат од кабинетот на Иванов.
Рикер, пак, од своја страна ја поздравил македонската реакција на пресудата Меѓународниот суд на правдата во Хаг, што според него придонело за подобрување на атмосферата за надминување на спорот.
„На средбата беше повторен официјалниот став на САД кој останува непроменет. Вашингтон силно ја поддржува евроатлантската интеграција на Република Македонија, дека ги исполнува условите за членство, дека двете страни се охрабруваат да дојдат до заемно прифатливо решение со што ќе се деблокира интеграцијата во Алијансата. Рикер нагласи дека македонската реакција на пресудата беше за поздравување и придонесе кон создавање на подобра атмосфера за надминување на спорот. Беше констатирано дека двете земји ќе продолжат тесно да соработуваат во насока на реализација на крајната цел, полноправно членство во Алијансата, и во тој контекст го поздрави долгогодишниот ангажман и високиот професионализам на македонските мировници во меѓународните мисии“, соопштуваат од кабинетот на Иванов. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

