Македонија
Бесими пред Рикер најави лобирање за членство во НАТО
Министерот за одбрана, Фатмир Бесими на денешната средба со американскиот заменик-помошник државен секретар Филип Рикер информираше за планираните посети на повеќе земји-членки на НАТО пред претстојниот самит во Чикаго.
Министерот за одбрана, Фатмир Бесими на денешната средба со американскиот заменик-помошник државен секретар Филип Рикер информираше за планираните посети на повеќе земји-членки на НАТО пред претстојниот самит во Чикаго.
Средбите, како што се соопштува од Министерството за одбрана, ќе бидат искористени за изразување на стратешката определба на земјата за членство во алијансата.
„На средбата беше особено истакнато дека НАТО останува наш приоритет и дека ќе работиме активно во остварување на оваа стратешка цел на Република Македонија. Воедно, беше посочено и дека со голема посветеност и искреност ќе работиме на надминување на разликите со Република Грција во спорот со името и беше побарана поддршка од САД како пријател на двете страни да помогнат во овој процес кој се одвива под покровителство на Обединетите Нации. Во тој контекст министерот информираше и за планираните активности за посета на повеќе земји-членки на НАТО пред претстојниот самит во Чикаго, со цел изразување на стратешката определба на Република Македонија за членство во алијансата“, соопштуваат од Министерството за одбрана.
Рикер, пак, од своја страна, укажал на потребата за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за името, како и неопходноста во континуитет да се реализираат реформите за исполнување на стандардите за полноправно членство во НАТО.
На средбата, исто така, Рикер од Бесими бил информиран и за идните проекти во рамки на Министерството за одбрана. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

