Македонија
Сервер:Грција е единствено нешто што ја дели Македонија од НАТО

Единственото нешто што ја дели Македонија од членството во НАТО е проблемот со Грција, за што во Хаг беше донесена пресуда во македонска корист.
Единственото нешто што ја дели Македонија од членството во НАТО е проблемот со Грција, за што во Хаг беше донесена пресуда во македонска корист.Ова е ставот на Даниел Сервер од Џон Хопкинс Универзитетот, изнесен на трибина на Американскиот Хелсиншки комитет во Вашингтон.„Верувам дека е време да се исправи неправдата направена во Букурешт. Чикаго е местото. На НАТО самитот треба да се испрати покана за членство со Поранешната република Македонија или до Македонија или до кое и да е име за кое ќе се согласат Скопје и Атина. САД мора на Грција јасно да и укажат дека е неприфатливо повторување на грешката од Букурешт, како што впрочем и Меѓународниот суд на правдата веќе одлучи“, вели Сервер.Тој додава дека сите земји од Западен Балкан треба да станат членки на Европската унија и НАТО. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.