Македонија
Домот за стари и изнемоштените лица во Битола ќе се реконструира
Спогодбата за реконструкција и реставрација на домот за стари и изнемоштените лица „Sue Raider“ во Битола, потпишаа министерот за локална самоуправа Невзат Бејта и битолскиот градоначалник, Владимир Талевски.
Спогодбата за реконструкција и реставрација на домот за стари и изнемоштените лица „Sue Raider“ во Битола, потпишаа министерот за локална самоуправа Невзат Бејта и битолскиот градоначалник, Владимир Талевски. Притоа беше истакнато дека со реализацијата на овој проект ќе се подобри функцијата на објектот и ќе се подобрат условите за старите лица, изнемоштените лицата и на сите други корисници. Предвидено е во склоп на проектот да се реконструираат двете страни од објектот, скалите надворешниот и внатрешниот дел на објектите, ќе се поставии нова санитарна опрема, зајакнување на носечката конструкција, како и еден лифт и нова фасада. Министерот Бејта истакна дека ова спогодба е во надлежност на Министерството за локална самоуправа и реализацијата на овој проект ќе почне од идниот месец.“Проектот се очекува да заврши за една година,до месец Февруари 2013 година .Потпишаната спогодба е во вредност од 850.549.74 евра од кои Министерството за локална самоуправа ќе издвои 672.211.89 евра, а општината Битола 178.337.85 евра“, истакна министерот Бејта.Градоначалникот на Битола рече дека сега за сега во домот на стари лица во Битола има 140 легла, но тие се поставени во многу лоши услови .Тој истакна дека со реконструирањето на домот за стари лица ќе се зголеми бројот на корисниците и дека овој дом ќе ги исполни сите европски стандарди кој се предвидени.„Проектот со кој сме конкурирале ги содржи и исполнува сите Европски норми, критериуми и стандарди. Станува збор за модерен објект со Европски стандарди .Сега за сега имаме два блока со капацитет од 140 легла,но предвидуваме да го зголемиме овој бројот до 190 леглата. Има доставени барања и за 30 други лица“, рече Талевски.Според Талевски,ќе се реконструираат 1209 м2 простор и заедно со новиот дел ќе има вкупно 2400 м2 простор во објектот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

