Македонија
На Табановце се чека околу половина час
Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце,на границата меѓу Србија и Македонија, за излез од земјава се чека околу половина час, соопштуваат од АМСМ.
Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце,на границата меѓу Србија и Македонија, за излез од земјава се чека околу половина час, соопштуваат од АМСМ.
На останатите гранични премини не се забележуваат подолготрајни задржувања за влез и излез од земјава.
Зголемената фрквенција на автомобили најверојатно е поради големиот број на граѓани кои денеска се упатија кон Белград за да ја бодрат нашата ракометна репрезентација која вечерва игра со репрезенатцијата на Данска.
Македонски железници воведе посебни возови на релација Скопје – Белград – Скопје од 21 до 25 јануари со цел да им овозможи на македонските навивачи да присуствуваат на европското првенство во ракомет.
Воведените посебни возови од железничката станица во Скопје ќе тргнуваат во 06.00 часот денеска, во понеделник и во среда.
Цената на повратен возен билет на релација Скопје – Белград- Скопје по посебна тарифа изнесува 2.018 денари, додека според меѓународната тарифа цената за билет во една насока е 1.424 денари, а повратен билет е 2.278 денари.
Во четвртокот Македонија убедливо ја победи репрезентацијата на Чешка и обезбеди пласман во вториот круг на ЕП во Србија./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

