Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: И американските служби потврдуваат дека СДСМ е вмешан во криминалот со Телеком
Владејчката партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека и амерканските правосудни органи и резултатите на истрагата од американските служби потврдуваат дека во периодот 2005 и 2006- та година Владата на СДСМ е дебело вмешана
Владејчката партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека и амерканските правосудни органи и резултатите на истрагата од американските служби потврдуваат дека во периодот 2005 и 2006- та година Владата на СДСМ е дебело вмешана во криминалот со Телекомот, односно кога Владо Бучковски беше премиер, а Бранко Црвенковски претседател на државата.
“Во 2005 и 2006 година (токму во време кога на власт е СДСМ), извршните директори тогаш вработени во Маѓар Телеком, вклучувајќи го и претседателот и извршен директор, организирале, одобриле, реализирале план за поткуп на владини претставници во Република Македонија со цел да се одложи или да се спречи влгувањето на нов конкурент на Маѓар Телеком”. Подоле во документот стои ”Маѓар Телеком, преку нејзините подружници во Македонија, исплатила од 4.875.000 € текот на 2005 и 2006 година на посредник под маската наводни “консултации“ и “маркетинг“ договори за кои немало никаква легитимна бизнис логика” се вели во тужбата на Американската комисија за Хартии во вредност испратена до Окружниот суд на САД во Њујорк, која што ја цитираше партискиот портпарол Александар Бичиклиски.
”Во мај 2005 година двајцата извршни директори одобриле и спровеле таен договор со висок претставник на македонската влада (односно владата на СДСМ, а кој е тој тие самите најдобро знаат) за одложување на доделувањето на лиценца за трет мобилен оператор и да се добијат нови предности во новиот закон. Како резултат на тие исплати и понуди, македонската влада го одложи воведувањето на трет мобилен телефонски конкурент” цитира Бичиклиски.
Според него, Дејан Мицковиќ, тогашен член на Централниот Одбор на СДСМ, портпарол на изборниот штаб на СДСМ во 2006-та година бил истовремено Претседател на бордот на директори во Телеком, а во ова управно тело на Телекомот бил и Ванчо Узунов, советник на Бранко Црвенковски.
Владејачката партија ги повика правосудните органи да ја завршат својата работа и да расвтелат кој бил вмешан во овој криминал./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

