Контакт

Македонија

Широка поддршка од ЕП за почеток на преговорите со Македонија

Објавено пред

Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент со широко мнозинство ја усвои финалната верзија на предлог резолуцијата за напредокот на Македонија, со околу 60 амандмански промени, јави Дојче Веле на македонски јазик.

dobivaj vesti na viber

Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент со широко мнозинство ја усвои финалната верзија на предлог резолуцијата за напредокот на Македонија, со околу 60 амандмански промени, јави Дојче Веле на македонски јазик.

Во резолуцијата чија официјална верзија се’ уште не е изготвена, со оглед на големите промени на истата, останува препораката формулирана од британскиот парламентарец Ричард Хауит со која се повторува повикот до Советот на ЕУ да утврди во најкраток рок, датум за почеток на преговори за прием на Македонија. Истовремено се подвлекува и важноста да се поддржат напорите во процесот на европската интеграција на земјата, за што европратениците предлагаат да се премине во нова етапа, со започнување на процесот на хармонизација на  законодавството со европското и спроведување на втората фаза од процесот за стабилизација и асоцијација.

Од вкупно 164 амандмани, шеесетина од нив станаа 21 копромисни решенија, а беа усвоени уште четириесетина други амандмани.

Новата верзија на резолуцијата забележува дека одлуката на Советот да не ги следи препораките на Комисијата и на Парламентот за почеток на преговори, „предизвика легитимна фрустрација и незадоволство во јавното мислење на земјата“.

Во неа е истакната и важноста на самитот на НАТО во Чикаго во мај и на ЕУ во март годинава, како значајна прилика за да се постигне напредок во евро-атлантските интегративни процеси. Тука на инсистирање на грчките европратеници е вметнат делот во кој се потсетува на изјавата на Генералниот секретар на НАТО дека на Македонија ќе и биде испратена покана за членство, откако таа ќе најде взаемно прифатливо решение за спорот со името.

Во однос на пресудата од Меѓународниот суд од Хаг, европратениците сметаат дека таа треба да даде нов елан во напорите за решавање на спорот под покровителство на ООН, со повик двете страни да ја почитуваат пресудата и да го интензивираат дијалогот.

Во резолуцијата е подвлечено дека е потребно заедничко прифатливо компромисно решение за името. Но, истовремено се изразува жалење што конфликтот со името продолжува да ја блокира земјата на патот кон ЕУ и го спречува напредокот на самиот процес на проширување. Тука е нагласено, дека добрососедските односи се важен критериум во процесот на проширувањето, со барање до владите на кои ова се однесува, да ги избегнат сите контроверзни акции и декларации кои можат да имаат негативни последици.

Европарламентот смета дека билатералните прашања не смеат да бидат пречка за членство во ЕУ, но тие треба да бидат разгледувани на конструктивен начин, водејќи сметка за интересите на заедничките вредности на ЕУ.

Европратениците го обновуваат и повикот до Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и Комесарот за проширување Штефан Филе да го олеснат дијалогот за името и да предложат политички ориентации, како и да и се објасни на јавноста (во Македонија) предноста со изнаоѓање на решение за членството во ЕУ, за што тоа треба да гласа на референдум.

Европратениците нагласуваат, дека секоја земја кандидат има свое ниво на напредок и динамика за членство, но Европската унија има одговорност да не напушта ниту една земја и да остане зад секоја од нив, бидејќи се става во прашање кредибилноста на процесот за проширување со постојаното одложување на почетокот на преговорите за членство.

Во резолуцијата, покрај противењето на некои европратеници, останува жалењето поради изоставувањето на придавката „македонски“ во извештаите за напредокот од 2009 па наваму, ова и покрај тоа што употребата на овој термин е нормативен во ООН за јазикот, културата и идентитетот.

Во верзијата која е денес усвоена поминаа неколку амандман во кој се употребува придавката „македонски“, односно се повикуваат македонските власти да направат промена на законот за радиодифузија, или за стратегијата на интеграција на Ромите на македонската влада, предложени од Марије Корнелисен и Улрике Луначек, како и на Горан Фарм. Не помина амандманот со кој Зелените и Европската слободна алијанса бараа: да се поздрави предлогот на грчката влада за сложено име и веруваат дека „тоа е основа за решение на проблемот со името, но под услов македонскиот идентитет, култура, националност и јазик да не бидат ставени во прашање.“

Во резолуцијата има и други промени кои се однесуваат на реформите, во судството, подобрувањето на деловната клима во земјата, борбата против политичката корупција во согласност со препораките на ГРЕКО, дискриминацијата. Во децентрализацијата се бара поголема транспарентност, објективност и непристрасност при давањето на државните субвенции на општините.

Европарламентот изразува посебна загриженост и за разделувањето на децата од различните етнички групи во образовниот систем, истовремено поддржувајќи го нивното право за настава на мајчин јазик, со барање да се изработат нови учебници со кои ќе биде подобрено меѓусебното разбирање.

Како и што се очекуваше, европратениците ја заострија реториката за слободата на медиумите, изразувајќи длабока загриженост посебно со фактот за концентрацијата на сопственоста на медиумите, барајќи од земјата веднаш да покаже апсолутна определба за слободата на медиумите и плурализмот како и првенството на правото.

Барањето на бугарските европратеници да се прославуваат заеднички заедничките историски настани и личности со соседните земји членки на ЕУ (Бугарија и Грција не се именувани), беше усвоено. Така европратениците, изразија разочараност дека не е постигнат напредок по ова прашање, кое според нив ќе „придонесе за подобро заедничко разбирање на историјата и за добрососедските односи“. Во таа насока европратениците го охрабрија создавањето на мешани експертски комисии за изучување на историјата со Бугарија и Грција, ова со цел да се придонесе за „објективно толкување на историјата, втемелено врз историските факти“, како и зацврстување на универзитетската соработка и промовирањето на позитивното однесување кај младата генерација кон соседите.

Резолуцијата наскоро треба да се најде на пленарна сесија на Европскиот парламент, каде се уште постојат можности за нејзино изменување. /крај/dw/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има

Објавено пред

Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.

Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ

Објавено пред

Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.

Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.

„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.

Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.

Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Објавено пред

Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Прикажи повеќе...

Најново

Европа28 минути

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија52 минути

Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива...

Македонија59 минути

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија1 час

„Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби“, велат од СДСМ

„Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ. Правната држава е погребана. Сè...

Македонија2 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија2 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет2 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет2 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа3 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа3 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа4 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија14 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија22 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија22 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија22 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија23 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион1 ден

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет1 ден

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...