Македонија
Забрана за камиони на Стража, отежнато на Деве Баир
Забрана за движење на тешки товарни возила воведена е на планинскиот превој Стража, а на патниот правец Крива Паланка-Деве Баир е задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила.
Забрана за движење на тешки товарни возила воведена е на планинскиот превој Стража, а на патниот правец Крива Паланка-Деве Баир е задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила.Претходно забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Гостивар-Стража-крак, Маврово-Дебар, како и на планинскиот превој Плетвар. Патниот правец Р112 Гевгелија – Смрдлива Вода е прооден, а останатиот дел од патот до ски-центарот Кожув се уште се расчистува. АМСМ ги советува возачите внимателно да возат, да ја прилагодуваат брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Ова особено се однесува за патните правци Маврово – Дебар – Струга, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има честа појава на одрони. Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива во зимски услови, по влажни коловози, особено во југозападниот и западниот дел од земјава, каде има остатоци од снег на коловозот. /амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

