Македонија
Одбележано завршувањето на проектот „Знаејќи повеќе за ЕУ знаеме повеќе за нас“
Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ја организираше манифестацијара по повод завршувањето на проектот „Знаејќи повеќе за Европската унија знаеме повеќе за нас“.
Европското движење во Република Македонија (ЕДРМ) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ја организираше манифестацијара по повод завршувањето на проектот „Знаејќи повеќе за Европската унија знаеме повеќе за нас“.
Овој проект е поддржан од Владата на Република Македонија и Делегацијата на Европската комисија, во тесна соработка со Фондацијата Конрад Аденауер. Покровител на Манифестацијата е Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
„Сакам да ја искажам нашата поддршка, како институција којашто е надлежна за средните училишта во Скопје, на оваа форма натпревари што придонесуваат за збогатување на знаењата од современите општествени текови на средношколците. Ние како држава секојдневно работиме на следење и имплементирање на позитивните искуства што се стекнуваат и создаваат во контактите меѓу европските земји, на кои им припаѓаме со нашата голема традиција и култура. За таа цел и Градот Скопје како главен град на државата, но и голем центар во областа на образованието и културата прави напори во целост да ги поддржи сите позитивни иницијативи меѓу кои и оваа интересна манифестација, со којашто, преку натпреварување на ученици од повеќе средни училишта, се доаѓа до пошироки и побогати сознанија за нашите врски со европските цивилизациски движења. Несомнено е дека реализацијата на вакви активности од едукативен карактер ќе дадат свој придонес во проширување на знаењата на средношколците за евроинтегративните поцеси во Република Македонија, како и формирање на евроамбиент во средните училишта, со активирање на самите ученици во процесот на осознавање на евроинтегративните процеси преку базични и функционални сознанија за Европската Унија“, истакна Гордана Клинчарова, Секретар на Град Скопје.
Проектот е со едукативен карактер, со повеќе видови активности како предавања за ЕУ, дебати, проверки на знаења, како и други менторски активности. Целна група се средношколците, а во реализацијата учествуваа и студентите на постдипломските Европски студии за интеграција, при Филолошкиот факултет во Скопје.
Во рамките на проектот се одржа и квиз натпревар на знаење за Европа и за Европската унија, а на завршната манифестација се одржа финалето на квизот на коешто учествуваа екипите на: СУГС„Георги Димитров“ од Скопје, гимназијата „Сами Фрашери“ од Куманово, гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово и гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола. Најуспешни на квизот беа средношколците од гимназијата „Сами Фрашери“, второто место го освоија учениците од СУГС „Георги Димитров“, а третото место со еднаков број освоени бодови го делат учениците од гимназиите „Гоце Делчев“ и „Јосип Броз Тито“.
На манифестацијата се одржа и културно забавна програма, организирана од учениците и нивните наставници, на која настапија: хорот на гимназијата „Таки Даскало“ од Битола, учениците од СУГС „Георги Димитров“ со училишната претстава „Македонија е во Европа – Европа е во Македонија“, учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, со кратка драмска претстава и со музичка точка и учениците на СУГС „Зеф Љуш Марку“ со музичка точка./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

