Македонија
Шутановац-Бесими:Соработката на Македонија и Србија е важна за регионот
Министрите за одбрана на Србија и Македонија, Драган Шутановац и Фатмир Бесими, денеска во Белград се согласија дека соработката помеѓу двете земји е од исклучителна важност за обезбедување на мирот, стабилноста и напредокот во регионот.
Министрите за одбрана на Србија и Македонија, Драган Шутановац и Фатмир Бесими, денеска во Белград се согласија дека соработката помеѓу двете земји е од исклучителна важност за обезбедување на мирот, стабилноста и напредокот во регионот. Согласни во оценката дека соработката помеѓу двете министерства ќе придонесе за регионална стабилност, министрите по состанокот нагласија интерес за соработка во воената индустрија, здравството и образованието. Македонскиот министер за одбрана Бесими, потенцирал дека двете држави немаат отворени прашања во областа на воената соработка и нагласил дека во иднина сите проблеми треба да се решаваат на демократски начин, по пат на дијалог.„Посетата е важна поради нашата понатамошна соработка, која до сега во оваа област покажа одлични резултати. Посетата, воедно е знак на јакнењето на нашата соработка, за која сме заинтересирани да ја продлабочиме, особено во областа на школувањето на нашите кадри во војската на Србија“, истакнал Бесими. Тој дополни дека на регионално ниво, можат да се искористат воените капацитети во областа на воената медицина, академското образование, како и полигоните во двете држави. Српскиот министер, Шутановац, го нагласил присуството на Македонија во воените мисии и дека македонското искуство и заедничкото минато можат да бидат добар патоказ за идна соработка, кога се во прашање воените мисии. На состанокот на министрите на двете земјо присуствуваа и државните секретари во министерствата за одбрана на Србија и Македонија, Тања Мишќевиќ и Петар Есмеров. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво

