Македонија
СДСМ: Груевски да каже кој точно од опозицијата ги прави меѓуетничките инциденти
Опозициската партија СДСМ го повика премиерот Никола Груевски точно и прецизно јавно да соопшти кој од опозицијата ги прави меѓуетничките инциденти.
Опозициската партија СДСМ го повика премиерот Никола Груевски точно и прецизно јавно да соопшти кој од опозицијата ги прави меѓуетничките инциденти.
„Е па премиере Груевски, претеравте! Ова нема да дозволиме да Ви помине тукутака! Има точно и прецизно јавно да соопштите на кого мислевте вчера, на поединци во СДСМ, во ДПА, ВМРО-НП, ОМ, ЛДП, НСДП, НДП или некој друг во опозицијата?“, изјави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.
Тој наведе три примера за меѓуетнички тензии каде, според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се главни актери и иницијатори.
„Пред точно една година се случи инцидентот на скопското Кале каде заменик министерот на МВР вадеше лисици и ги ослободуваше уапсените. Тогаш ДПМНЕ преку ден градеше, а ДУИ навечер рушеше. Пред пет месеци пропадна пописот со сериозни обвинувања од Никола Груевски дека се случил фалсификат. Се случија инцидентите во Струга каде на двете спротивставени страни стојат градоначалниците Рамиз Мерко од ДУИ и Перо Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Гоерогиев.
Според него, и по 12 месеци нема одговорни за инцидентот за Калето, по пет месеци ги нема фалсификаторите на пописот и по две седмици ги нема вандалите од Струшко.
Георгиев тврди дека СДСМ не е вмешана во инцидентите и вели дека сиве овие тврдења се лаги.
„Што се однесува до извесниот Артан Груби, вмровец на привремена работа во ДУИ, сакам да го соопштам следново: Господинот Груби треба да знае дека за груби игри се потребни двајца. Затоа, нека престане кукавички да се крие во кабинетот на Али Ахмети, да излезе и да каже со кого тоа ги правел инцидентите на скопското Кале, и како после тоа заслужи да стане шеф на кабинетот на Али Ахмети и иден пратеник? Во спротивно, најмалку што очекуваме од Али Ахмети е да покаже свест за важноста на меѓуетничките односи, веднаш да го разреши овој човек и да се огради од неговите потпалувачки ставови“, вели Георгиев.
По меѓуетничките тенизии во Струшко, непристојните пароли на црквите и џамиите, во неделата премерот Груевски изјави дека ваквите настани се плод на опозицијата која на ваков начин сака да ја придобие поддршката на граѓаните.
„Она што јас можам да го проценам е дека ова е плод на партиски мотивирани лица од опозицијата коишто не гледаат како на друг начин да ги освојат симпатиите на граѓаните, туку одат на картата дека ако го компромитираат работењето на сегашните владејачки партии, преку создавање на конфликти во општеството, дека на тој начин ќе ги привлечат симпатиите на граѓаните и дека граѓаните ќе се разочараат од владејачките партии и ќе се свртат кон одредени опозициски партии“, изјави вчера Груевски./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.