Македонија
Американскиот амбасадор ја посети Општина Аеродром
Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс денеска оствари посета на скопската Општина Аеродром и одржа работна средба со градоначалникот Ивица Коневски.
Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс денеска оствари посета на скопската Општина Аеродром и одржа работна средба со градоначалникот Ивица Коневски. На средбата станало збор за приоритетите активности и проекти кои ги презема Општина Аеродром за подобрување на животот на граѓаните, а биле презентирани и можностите за инвестирање, поточно потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината. „Општина Аеродром работи на многу проекти и програми кои се главно од областа на културата, спортот, образованието“ изјави градоначалникот Коневски, додавајќи дека токму партнерската поддршка од други земји во реализацијата на овие проекти е добродојдена.Амбасадорот Волерс изјави дека американската амбасада во Скопје е силен поддржувач на локалната самоуправа во Република Македонија. Тој посочи дека амбасадата на САД преку УСАИД има одлична соработка со Општина Аеродром во реализацијата на проектите кои ги спроведуваат за македонските граѓани.Општина Аеродром досега има реализирано неколку заеднички проекти со УСАИД, и тоа, реновирање на покривот на ОУ „Гоце Делчев“ и отворање кабинет по роботика во училиштата „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ кои се реализираа во соработка со УСАИД ПЕП. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

