Македонија
Осетно намален бројот на убиства во 2011 година
Вкупно 29 убиства биле регистрирани на територијата на Македонија во текот на изминатата година, што претставува намалување за 27 отсто во споредба со 2010 година, кога биле евидентирани 40 убиства.
Вкупно 29 убиства биле регистрирани на територијата на Македонија во текот на изминатата година, што претставува намалување за 27 отсто во споредба со 2010 година, кога биле евидентирани 40 убиства.Ова денеска го соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), додавајќи дека толку мал број на убиства не е забележан уште од 1989 година, кога биле регистрирани 27 кривични дела. Оттогаш наваму бројот на убиствата се движи од 30 до 75 во 2003 година, по што убиствата континуирано се намалуваат. Најчесто убиствата лани, што е карактеристика и во минатото, се извршуваат помеѓу членови на семејство и поради настанати расправии помеѓу лица, кои биле во нарушени меѓучовечки односи. Останатите причини поради кои се посегнувало по нечиј живот, како користољубие, изнуда на пари, парични долгови и слично, се далеку помалубројни. Убиствата најчесто ги вршеле поединци, додека изостанува организираниот начин на извршување, а истото се потврдува со фактот дека 18 од расветлените убиства се извршени од поединци, потоа пет убиства се извршени од две лица (второто лице обично помагало во извршувањето), додека две убиства се извршени од групи од по три лица.Од вкупниот број убиства, во три случаи се работи за двојно убиство, а две убиства се извршени од небрежност, при лов. Оваа година, најголем број од вкупно евидентираните убиства евидентирани се извршени на подрачјето на Скопје-13, по четири во Куманово и Тетово, по две во Кичево и Радовиш и по едно во Охрид, Велес, Неготино и Струмица. Според местото на извршување, 15 се извршени во урбани средини, 12 се во рурални средини, а две лица се убиени на автопат, односно магистрален пат. Од нив 16 се извршени на отворен простор, а 13 на затворен простор (најчесто семејни куќи), а според времето на извршување, повеќето убиства годинава се извршени дење.Според начинот на извршување, најголем број од убиствата во 2011 година се извршени со употреба на огнено оружје-во 18 случаи (пиштоли, ловни и војнички пушки и во еден случај со автоматско оружје), потоа три со употреба на физичка сила, по две убиства се извршени со метални предмети, камења и стапови и задавување, додека по едно убиство е извршено со нож и остар предмет.Со оглед на фактот, што во три случаи се работи за двојни убиства, убиства се извршени над 32 лица, од кои четири се од женски, а останатите 28 лица се од машки пол. Според возраста, убиени се тројца малолетници, четири на возраст од 18 до 30 години, 14 лица на возраст од 30 до 50 години, а 11 убиени се над 50-годишна возраст. Најмладата жртва годинава е 14-годишник, убиен од страна на чувар во фабрика во Тетово, бидејќи е затечен во вршење кражба. Најстарата жртва е 90-годишна старица од Скопје, убиена од страна на својата 34-годишна внука, која била со нарушено ментално здравје. За извршените убиства досега, со оглед на краткиот временски период се донесени пресуди само против двајца сторители, 32-годишен припадник на полицијата, кој ноќта по прогласувањето на победата по повод парламентарните избори, со тепање лиши од живот 21-годишник и 53-годишна жена која поради семејни расправии го лиши од живот својот сопруг (на овие сторители, со првостепена судска пресуда им се изречени казни затвор во траење од 14, односно пет години). /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.