Македонија
Казни до 7.000 евра за недавање минимална плата
Парична казна до 7.000 евра за неисплатена законски утврдена минимална плата ќе им биде изречена на работодавачите, потсети во саботата министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Парична казна до 7.000 евра за неисплатена законски утврдена минимална плата ќе им биде изречена на работодавачите, потсети денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.Тој информираше дека согласно законот, кој од почетокот на годината почна да се применува во Македонија, правен субјект кој вработените ќе ги плаќа помалку од 8,500 денари ќе биде санкциониран со глоба од 6.000 до 7.000 евра.Одговорното лице во компанијата која нема да го почитува овој закон, ќе се соочи со парична казна од 3.000 до 4.000 евра.Ристовски на денешната прес-конференција рече дека онаму каде што во договорите за вработување е предвидена пониска плата од утврдената минимална плата, инспекторот со решение ќе ги задолжи во анекс договорите да се утврди минимална плата. Ресорниот министерот истакна дека засега не се изречени казни, но оти се констатирани обиди за изигрување на Законот и ги повика работодавачите да не се обидуваат да прават различна пресметка на платата, затоа што се знае што е плата, што е бруто износ на плата, што е храна и превоз пресметани во основната плата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

