Македонија
„Ќе ја чекаме правдата”, мајката на убиеното момче од ГУЦ
Судскиот процес за смртта на Мухамедали Јашари во средата поради отсуство на судечкиот судија е презакажан за април. Момчето во тепачка минатогодишниот април почина во дворот на средношколскиот образовен центар ГУЦ во Скопје.
Судскиот процес за смртта на Мухамедали Јашари во средата поради отсуство на судечкиот судија е презакажан за април. Момчето во тепачка минатогодишниот април почина во дворот на средношколскиот образовен центар ГУЦ во Скопје. Во судот беа дојдени роднините на починатиот Јашари , двајца од обвинетите и адвокатите. Судскиот процес го следат и претставници на ОБСЕ. „Ќе ја чекаме и ќе ја бараме правдата”, рече мајката на Мухамедали, којашто со сопругот разочарани заминаа од судот. Сакаа да ги видат и прашат обвинетите момчиња зошто нивниот син загина во тепачка. “Сакаме да ги видиме оние кои последни го видоа и да ги прашаме зошто мораше вака да се заврши детска кавга”.Еден од бранителите на обвинетите адвокатот Јован Јоанидис изјави: „Сите жалиме за смртта на Мухамедали, меѓутоа тоа е – деца се тепале и ќе се тепаат”. За смртта на Мухамедали обвинети се три момчиња кои одговараат за учество во тепачка и загрозување со опасно орудие. Семејството Јашари не сака да прифати на децата да им се суди за учество во тепачка наместо за убиство. Тие преку својот адвокат од обвинителството побарале да се изврши преквалификација на делото и на првообвинетиот да му се суди за убиство од користољубие а на останатите за насилство./крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Кучевишка Бара се гради нов спортско-рекреативен центар на 2000 метри квадратни
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на новиот спортско-рекреативен центар во населбата Кучевишка Бара.
Комплексот ќе се простира на површина од 2000 метри квадратни и ќе вклучува фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец, нови клупи, парк и зелени површини.
Од Општина Бутел порачаа дека општината се менува, а маалскиот дух се негува, со цел да се создадат можности за редовно практикување спорт и рекреација за сите граѓани.
Македонија
Партијата Левица со Иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)

