Македонија
Нимиц:Грчката Влада има мандат да решава за името
И покрај економската криза, Грција има функционална Влада која може да се справува со повеќе прашања, меѓу кои и со прашањето за името, изјави во среда медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, по средбата со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас.
И покрај економската криза, Грција има функционална Влада која може да се справува со повеќе прашања, меѓу кои и со прашањето за името, изјави во среда медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, по средбата со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас.Тој додаде дека грчката Влада има искрена желба за решавање на спорот за името.Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, министерот Димас го охрабрил Нимиц да продолжи во изнаоѓањето на заедничко прифатливо решение во рамки процесот што се води под покровителство на ОН.Нимиц во понеделникот допатува во Скопје, каде што имаше средби со македонскиот државен врв. По средбите тој рече дека не носи нов предлог, туку дека е тука да ги слушне позициите на двете страни. /крај/ме/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

