Македонија
МФ:Предлозите на СДСМ се необмислени и неприфатливи
Предлозите на СДСМ за проектот „Купи куќа, купи стан“ се необмислени и неприфатливи, велат од Министерството за финансии(МФ), во одговорот на прес конференцијата на СДСМ на која опозициската партија понуди свои предлози за овој проект.
Предлозите на СДСМ за проектот „Купи куќа, купи стан“ се необмислени и неприфатливи, велат од Министерството за финансии(МФ), во одговорот на прес конференцијата на СДСМ на која опозициската партија понуди свои предлози за овој проект.„Ако рокот на отплата е пократок од 20 години , тогаш ратата за кредитот би изнесувала од 400-500 евра месечно. Кој во Република Македонија тогаш би можел да зема ваков кредит? – Никој или само богатите. Веројатно и тоа е целта на СДСМ Но Владата сака овие кредити да ги добијат луѓе со ниски или средни примања, а за да тиое можат да ги плаќаат месечните рати рокот мора да биде подолг од 20 години“, велат од Министерството за финансии.Од таму сметаат дека предлогот на СДСМ за 5% камата во текот на целиот период на отплата на кредитот е уште еден неодмерен предлог кој е наменет да ги залаже граѓаните.„Имено, ова не би го прифатила ниту една банка во Македонија, со што проектот „Купи куќа, купи стан“не би можел да се реализира“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.„Владата овозможи граѓаните предвреме да можат да го вратат кредитот ако им се подобри материјалната состојба и во тој случај вратените субвенционирани средства да им се дадат на други граѓани кои имаат потреба од тие средства“, се вели во соопштението.Понатаму се додава дека Владата ќе продолжи со уште поголема мотивација да го реализира во следните четири години. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

