Македонија
Попоски: Хашката пресуда да биде соодветно прифатена од ЕУ и НАТО
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, во рамки на престојот во Париз, во понеделникот се сретна со советникот за надворешна политика во Кабинетот на Претседателот на Француската Република, Жан-Давид Левит.
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, во рамки на престојот во Париз, во понеделникот се сретна со советникот за надворешна политика во Кабинетот на Претседателот на Француската Република, Жан-Давид Левит.
Попоски, како што се соопштува од македонското Министерство за надворешни работи, ги презентирал очекувањата на Македонија за членство во НАТО и старт на пристапните преговори со ЕУ. Ги презентирал и правните аспекти од пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, изразувајќи очекување дека овој значаен аргумент ќе биде соодветно прифатен и поддржан од земјите-членки на двете организации.
Попоски, исто така, изразил надеж дека ќе биде задржан кредибилитетот на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан.
Левит, од својата страна, пак, реафирмирал ставовите на Франција за активна поддршка на процесите на проширување со земјите од регионот, а во тој контекст и со Македонија. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

