Македонија
Нови населби за проектот „Купи куќа, купи стан“
Општина „Гази Баба“ ќе понуди една цела нова населба во „Хиподром 2“ каде што ќе можат да се градат станови и куќи за потребите на проектот „Купи куќа, купи стан“.
Општина „Гази Баба“ ќе понуди една цела нова населба во „Хиподром 2“ каде што ќе можат да се градат станови и куќи за потребите на проектот „Купи куќа, купи стан“.
Освен оваа локација, како што најави министерот за финансии, Зоран Ставрески и во населбата Сопиште и Припор ќе може да се изгради една мини населба за овој проект.
„На располагање во моментов има околу 1.000, 1.500 станови кои се во фаза на градба во повеќе општини, во „Аеродром“, во „Ново лисиче“ и „Лисиче“, во „Гази Баба“, во делот на „Железарница“, во делот на Фас „11 Октомври“ и „Ѓорче Петров“. Ќе има локации и во „Сопиште“ во „Бутел“, „Чаир“. Во сите овие општини во моментов има во фаза на градба преку 1.000, 1.500 станови и ќе има во следниот период и локации за изградба на уште толку станови или куќи“, рече Ставрески.
Градоначалникот на општина „Гази Баба“, Тони Крстевски вели дека општина „Гази Баба“ е доста поволна локација за овој проект, бидејќи таму и претходно становите се продаваа под 900 евра за квадрат, како што предвидува проектот.
„Во моментов работиме на издавање на одобрение за градба за близу 550 станови. Тоа се локациите кај „Ќерамидница“, во делот на ФАС „11 Октомври“, локација во „Железарница“, во „Ченто“. За локацијата во „Железарница“ веќе е издадена градежната дозвола и почнато е со градба. За останатите две локации, за 15 дена дозволите ќе бидат готови и инвеститорите ќе почнат да градат. Општина „Гази баба“ од оваа недела ги зема ингеренциите од централната власт во делот на управувањето со градежното земјиште и планираме да отпочнеме со продажба на слободните државни парцели. Тоа е пред сè за целата населба „Хиподром 2“. Во нејзе е планирано околу 300 локации за индивидуално домување и околу девет локации за колективно домување“ рече Крстевски.
Градежниците се задоволни од она што го понудија градоначалниците и очекуваат овие понуди да предизвикаат голем интерес за градење.
Проектот „Купи куќа, купи стан“ предвидува добивање на субвенциониран станбен кредит од Владата. Овој кредит е наменет за сите граѓани, а пред сè за оние кои имаат средни и пониски примања на кои им е потребна помош на почетокот.
Владата очекува 2.500 кредити, а ако се работи за кредит за купување на стан, продажната цена со пресметан ДДВ не смее да надминува 900 евра за квадратен метар корисна нето-површина./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

