Македонија
Македонија поднесе кандидатура за членство во Советот за човекови права
Република Македонија силно ја поддржува работата на Советот за човекови права, кој го зајакнува својот кредибилитет, посебно по засилениот ангажман во државите од Северна Африка и Блискиот исток.
Република Македонија силно ја поддржува работата на Советот за човекови права, кој го зајакнува својот кредибилитет, посебно по засилениот ангажман во државите од Северна Африка и Блискиот исток.Ова го истакна денеска македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, обраќајќи се пред Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева. Притоа Поповски соопшти дека Република Македонија, со своето конкретно искуство и желба да придонесе во работата на Советот, поднесе кандидатура за членство во ова тело за периодот 2014-2016. година. Во своето излагање, шефот на дипломатијата истакна дека почитувањето и унапредувањето на човековите права и достоинството на човекот е наша обврска кон постојните и кон идните генерации. Министерот Попоски ги реафирмирирал приоритетите на државата во сферата на заштитата и промоцијата на човековите права на меѓународно и на национално ниво. На маргините од состанокот, Попоски, оствари средби со министрите за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец, на Молдавија, Јурие Леанка, на Индонезија, Марти Наталегава, како и со министерот за европски прашања на Република Ирска, Лусинда Крејтон.Притоа, Попоски побара поддршка од соговорниците, за кандидатурата на Република Македонија за членка на Советот за човекови права на Обединетите нации за периодот 2014-2016. година. Министерот за надворешни работи на Словенија, Ерјавец, ја повтори јасната поддршка што неговата земја ја дава за Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО, нагласувајќи дека долгогодишниот застој и позицијата на статус кво е неодржлива и бескорисна, а Европската унија не може да биде целосна и комплетна без земјите од Западен Балкан. Попоски ги презентираше аргументите содржани во пресудата на Меѓународниот суд во Хаг, при што изрази надеж дека иако официјално темата за проширување не е на дневен ред на Самитот на НАТО во Чикаго, сепак нема да се запостави прашањето за членство на Република Македонија во Алијансата. На средбата е искажан заемен интерес за унапредување на економската соработка меѓу двете земји во наредниот период.Во разговорот со министерот за европски прашања на Ирска, Лусинда Крејтон, беше побарана поддршка од Ирска за отпочнување на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Од ирска страна беше искажана подготвеноста за натамошна поддршка со укажување дека е потребен дополнителен притисок и врз Европскиот парламент за придвижување на евроинтегративните процеси на Македонија.На средбата со министерот за надворешни работи на Молдавија, од молдавска страна беше побарана поддршка од Македонија во однос на размена на искуства од спроведувањето на реформите во правосудниот систем, како и во однос на дијалогот за визна либерализација со ЕУ.На средбата со министерот за надворешни работи на Индонезија, беше истакната потребата од зголемување на економската соработка и поттикнување на инвестициите. Беше презентиран и заемен интерес за олеснување на визниот режим за граѓаните од двете земји. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците, и на улиците и од институциите
Левица изразува целосна поддршка кон барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на платите, потенцираат од оваа партија.
Барањата на ССМ, оценуваат од таму, се легитимни, оправдани од секојдновното зголемување на трошоците за живот и насочени кон подобрување на животниот стандард и почитување на работничкиот труд.
„Поминаа речиси две години власт на ДПМНЕ и исто толкав период на игнорантски однос кон граѓаните кои едвај го поминуваат месецот со најниска минимална и просечна плата на Балканот, иако според тврдењата на Мицкоски сме „четвртата економија во светот и трета во Европа по раст на БДП”.
Ги повикуваме ДПМЕН, ЗНАМ и ВРЕДИ да се разбудат од илузијата. Мицкоски мора да избере дали ќе ја продолжи својата бизнис кариера и ќе му служи на крупниот капитал, прилепен во прегратките на Бранко Азески, или пак ќе почне да ја врши својата премиерска функција во служба на граѓаните. Мицкоски треба да разбере дека извршува државна функција која му налага да го штити послабиот од помоќниот, а не функција на статист во трипартитниот дијалог меѓу работниците, работодавачите и Владата“.
Левица потсетува дека минатата година поднесе Предлог – закон со кој, како што појаснуваат, требаше платите на сите работници да се зголемат за најмалку 100 ЕУР.
„Со тоа, минималната плата сега ќе изнесуваше 500 евра и ќе го избегневме дното во кое се наоѓаме моментално. Наместо тоа мнозинството на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ одлучи експресно да го одби решението, удоволувајќи му на бизнис секторот.
Трошоците постојано растат, а работникот повеќе нема време за чекање. Затоа, Левица изразува недвосмислена поддршка на протестот на ССМ со јасно барање до Владата конечно да преземе конкретни мерки за подобрување на економскиот статус на работникот, што значи плата која овозможува достоинствен живот“.
Македонија
Бугарското МНР: Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи не само со зборови, туку и во пракса во водење на отворен дијалог
Бугарското министерството за надворешни работи изразува длабоко разочарување од неконструктивното однесување на Република Северна Македонија, официјално обвинувајќи го Скопје за манипулативни изјави, недостаток на вистински дијалог и неподготвеност да ги исполни обврските преземени согласно Европскиот консензус од 2022 година, пишуваат бугарските медиуми.
„Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабоко разочарување од континуираниот неконструктивен пристап на официјално Скопје и недостатокот на отвореност во комуникацијата со јавноста. Уште еднаш, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија зборува за „иницијатива на поголеми и повлијателни земји-членки на ЕУ“ за организирање состанок меѓу министрите за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија. Ова не е прв пат Скопје официјално да дава толку нејасни и манипулативни изјави.
Европскиот консензус од 2022 година беше едногласно усвоен од сите земји-членки на ЕУ, како и од самата Република Северна Македонија. Во оваа смисла, уште еднаш го привлекуваме вниманието на фактот дека дијалогот е институционален меѓу земјата кандидат и ЕУ. Имплементацијата зависи исклучиво од Скопје на сите мерки наведени во консензусот, со цел да се унапреди процесот на европска интеграција.
Секогаш сме биле отворени за отворен дијалог за сите други прашања. Од почетокот на мандатот на сегашната влада на Република Северна Македонија, секогаш сме биле отворени за отворен дијалог за сите други прашања. За жал, министерот Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи не само со зборови, туку и во пракса во водењето на таков отворен дијалог. Најнов пример за ова е одбиената покана за неговата посета на Софија на 25 ноември 2025 година за да се одбележи делото на Свети Климент Охридски – значајна историска личност од заедничката историја на двете земји.
Што се однесува до предлозите и оценките дадени од министерот Муцунски за пристапот на Бугарија кон презентираниот нацрт-план за правата на заедниците, ве потсетуваме дека тој беше отфрлен од бугарската заедница во Северна Македонија како неприфатлив поради отсуство на фундаментални принципи во него за гарантирање на заштитата на човековите права. Очекуваме да бидат слушнати легитимните барања на нашите сонародници во Северна Македонија“, се наведува во соопштението од бугарското МНР.
Македонија
Значајни одлуки за напредокот на граѓаните, демократијата и европската иднина на државата на денешната владина седница, соопшти Митева
На денешната седница Владата донесе низа значајни и суштински одлуки кои јасно ја потврдуваат нашата определба и конкретната посветеност кон исполнување на обврските од процесот на пристапување во Европската Унија, но и кон заштита на јавниот интерес и демократските вредности, изјави владината портпаролка Марија Митева.
„Владата денес направи уште еден силен и долгоочекуван чекор во насока на заштита на слободата на изразување и јавниот интерес.
Формиравме работна група за воспоставување механизам за заштита од злоупотребата на т.н. стратешки тужби против јавното учество, тема за која со години зборуваат и бараат новинарите и медиумската заедница.
Ова е јасен сигнал дека оваа Влада има слух, храброст и проактивност да се соочи со суштински прашања“.
Дополнително, истакна таа, со усвојувањето на Законот за органско земјоделско производство се правим важен исчекор во поддршката на малите земјоделци.
Законот како што појасни, овозможува олеснета сертификација преку намалување на трошоците за инспекција и сертификација, што директно придонесува за поконкурентен пласман на органските производи на пазарот.
Истовремено, се унапредува и правната рамка со појасни, попрецизни и применливи одредби, усогласени со европските стандарди.
„Со ова, исполнуваме уште една обврска која произлегува од процесот на пристапување во ЕУ.
Ние продолжуваме да носиме одлуки кои значат напредок и за граѓаните, и за демократијата, и за европската иднина на државата“.

