Македонија
„Мојата вистина е единствена вистина”, тврди обвинет за тројно убиство
започна повторениот судски процес за тројното убиство во ресторанот „Биг Фиш“ во Скопје кога скопјанецот Тони Денковски со пушка ги уби Јордан Јорданов Р’кулот, член на криминалната група позната како „Франкфуртската мафија“, Влатко Андревски и Владо Милошев вработен во Шестата управа во МВР
Во Основниот суд 1 во Скопје во четвртокот започна повторениот судски процес за тројното убиство во ресторанот „Биг Фиш“ во Скопје кога скопјанецот Тони Денковски со пушка ги уби Јордан Јорданов Р’кулот, кој бил член на криминалната група позната како „Франкфуртската мафија“, Влатко Андревски и Владо Милошев вработен во Шестата управа во МВР. Денковски беше осуден на доживотен затвор, пресудата ја потврди Апелациониот суд, но Врховниот поради пропусти во судскомедицинското вештачење го врати предметот да се суди од почеток. Во судницата беше сослушан обвинетиот Денковски кој останува на тврдењето дека бил жртва во случајот. Според неговата одбрана, сега убиените поради измислен долг за автомобил долго време му се заканувале дека ќе му ги нападнат, повредат или убијат децата и сопругата. Поради кавга критичната вечер, Денковски со автоматска пушка пукал и ги убил тројцата на самото место. „Она што јас го кажувам е една и единствена вистина”, рече кратко обвинетиот. Во судницата сведочеше и неговата сопруга, којашто потврди дека неколку месеци пред настанот Денковски бил многу нервозен и растревожен, и постојано ги контролирал неа и децата каде се движат. Им се јавувал по телефон и не дозволувал сами да излегуваат, но никогаш не им кажал зошто. Сведочеше и сопругата убиениот полицаец која постојано плачеше. Таа само кусо рече: „Ништо не знам, ниту човеков го познавам”, покажувајќи кој Денковски. Судењето ќе продолжи следната седмица со сослушување на сведоци кои треба да ја појаснат психичката и емотивната состојба на Денковски пред убиството. Тоа се всушност и забелешките на Врховниот суд кој напоменал дека ќе мора да се изврши или дополнување или целосно ново вештачење врз обвинетиот. По сослушувањето на сведоците се очекува судот да даде наредба за новото вештачење. Меѓу другото, Врховниот суд навел дека судијката кој го работи предметот направила суштински измени на пресудата пред да ја достави до Апелациониот суд и не била иста какао првично објавената, дознава Макфакс од одбраната на обвинетиот Исто така судијата заборавила на наведе во пресудата чиј бил пиштолот кој се гледа на подот во ресторанот каде е пукано. Во текот на судскиот процес не е појаснето ни дали некој го користел пиштолот./крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

