Македонија
Петров и Титов разговараа за проектите за гасификација
Одржување на политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Русија е поводот за престојот во Скопје на заменик-шефот на руската дипломатија Владимир Титов на 1-ви и 2-ри март.
Одржување на политички консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и Русија е поводот за престојот во Скопје на заменик-шефот на руската дипломатија Владимир Титов на 1-ви и 2-ри март.
Посебно е потенциран развојот на економските односи меѓу двете земји и прашањата поврзани со реализација на проектите за гасификација на Македонија, согласно Спогодбата за регулирање на клириншкиот долг на Руската Федерација, преку нејзино вклучување во проектот за гасоводот „Јужен тек“ и привлекување директни руски инвестиции во македонското стопанство.
На средбата со заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров било разговарано за повеќе аспекти на билатералните односи меѓу двете земји, при што е искажан интерес за унапредување на правната рамка со нови билатерални договори, јакнење на економската соработка и трговската размена, поголема размена во областа на културата, образованието и туризмот, како и соработка во меѓународните организации.
За време на престојот во Скопје, високиот руски дипломат ќе оствари средба и со министерот за надворешни работи, Никола Попоски. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Адеми тврди дека симпатизери на Европскиот фронт гласале за претседател: „Оставивме самите да одлучат“
Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција изрази благодарност до секој гласач што ја избрал европската иднина и ги осуди, како што велат, обидите на опозицијата преку пропаганда и лажни вести да сее страв.
Портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека Европскиот фронт денеска ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина на земјата.
„Нема враќање назад. Волјата на граѓните е пред се. Ќе останеме верни на волјата на гласачите. Европскиот фронт е гаранција дека активното и масовно учество на граѓаните ќе биде одлучувачко за натамошното напредување на Македонија. Вечерва победата е наша. На сите вас кои кажавте „Не на Русија, да на Европа“, рече Адеми.
Тој вели дека ставот на Европскиот фронт бил поддржувачите самостојно да одлучуваат дали ќе гласаат на претседателските избори.
„Ако направите споредба на процентот на излезност, има мала разлика, но не до тој степен што би се одразила фактичката состојба на нашите поддржувачи. Така што, имало поддржувачи на Европскиот фронт кој ја изразиле својата волја на претседателските избори“, изјави Адеми.
Македонија
Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет
Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и преку бојкот сакаше да се факторизира. ДУИ изгуби, бојкотот не им е успешен, извесно е дека одат во опозиција, изјави Тимчо Муцунски, на првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по гласањето на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.
„Пропадна сценариото да се создаде криза во државата, се радуваме што е постигнат цензусот, извесно е дека Давкова е новиот претседател. Очекуваме уште подобар резултат од првриот круг, и уште вечерва да биде јасна сликата како ќе изгледа идната Влада на Република Македонија. Очекуваме да имаме резултат што ќе го отслика опозициското расположение во државата“, рече Муцунски додавајќи дека ДУИ е дел од криминална власт што станува минато.
Како што рече, народот излегол за да си ја врати Македонија, односно контролата врз системот бидејќи државата наместо на елитите треба да му припаѓа на народот.
ВМРО-ДПМНЕ оцени дека дека изборниот ден генерално поминал мирно, со поединечни нерегуларности. Муцунски објави дека неколку функционери биле фатени во илегални активности со поткуп и ги повика интитуциите да истражат и да го испитаат потеклото на парите.
Македонија
(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните
Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО со почнати преговори за Европската унија. Констатирани се одредени неправилности, но сметаме дека се тие со незначителни во овој изборен процес, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Правото на глас и слободното одлучување се најзначајни придобивки во демократијата, додаде Кузеска.
Таа упати благодарност до граѓаните кои денеска гласаа, а изборите ги оцени како слободни, мирни, демократски и достоинствени.
Кузеска кажа дека граѓанската волја ќе одлучи по кој колосек ќе се движи Македонија понатаму.
Прашана како го коментира скриениот бојкот во општините каде што има доминантно албанско население, портпаролката на СДСМ кажа дека како настапила секоја партија на овие избори треба да одговори пред граѓаните и пред себе.
„СДСМ од самиот почеток повикуваа на масовност, граѓаните да го искористат својот глас. СДСМ никогаш не бил кочничар на било кои процеси кои ја носат државата напред“, рече Кузеска.