Македонија
Пристапниот дијалог со ЕУ – бајпас за блокадата
Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската Унија (ЕУ) е вид на бајпас на блокадата што сега постои околу отворањето на пристапните преговори, коментираат од Секретаријатот за Европски Прашања, пред неговиот старт на 15-ти март.
Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската Унија (ЕУ) е вид на бајпас на блокадата што сега постои околу отворањето на пристапните преговори, коментираат од Секретаријатот за Европски Прашања, пред неговиот старт на 15-ти март.
Вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи на 5-ти и 6-ти март заминува за Брисел, каде пред Европскиот Парламент ќе реферира за следните чекори во однос на исполнувањето на критериумите. Предвидени се средби со еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, европратениците Ричард Ховит и Едуард Кукан, како и Директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската унија Стефано Санино. Средбите, како што велат од СЕП, се во функција на стартот на пристапниот дијалог, што е предвидено да го водат премиерот Никола Груевски од македонска страна и еврокомесарот Фуле од страна на Унијата.
„Секако дека е вид на бајпасирање, затоа што и немавме многу можности. Искуството е дека три години по ред ние добивавме предлог за започнување на преговори, но тоа не се реализираше. Ефектот дома беше дека работите во однос на европските прашања стоеа на место. Во текот на овие шест месеци, колку што се обидувавме да отвориме прашања, дијалози, меѓу другото наше барање беше креативност во пристапот. Јасно е дека имаме проблем, но процесот на приближување кон Европската Унија не е процес што ќе заврши веднаш и дури и ако утре го решиме проблемот со името. Затоа баравме форма и ова фактички е скрининг, но не се вика скрининг“, коментираат извори од СЕП.
Први прашања што ќе се отворат во пристапниот дијалог се прашањата поврзани со поглавјата 23 и 24, вклучувајќи ги и посочените од Фуле: реформа на судството и јавната администрација, медиумите, изборите, анти-коруипциските мерки, економски мерки и Охридскиот рамковен договор.
Од СЕП коментираат дека процесот е важно да се води, а помалку важно е како ќе се нарекува. Затоа, велат од секретаријатот, оваа можност треба да се искористи.
Во однос на дијалогот со медиумите, од СЕП сметаат дека не е мала работа што ќе се декриминализира клеветата, процес за кој велат дека е многу близу до крајот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.
На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

