Контакт

Македонија

Добредојде од Вељаноски за Орав

Објавено пред

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во средата одржа протоколарната средба со новиот евро-амбасадор во Македонија, Аиво Орав.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски во средата одржа протоколарната средба со новиот евро-амбасадор во Македонија, Аиво Орав.

Посакувајќи му добредојде во Македонија, Вељаноски изразил задоволство од трите последователни годишни извештаи на Унијата за напредокот на Македонија, особено во делот на работата на Собранието.

„Треба да се има во предвид и да се почитува фактот што сите граѓани на Република Македонија, без оглед на национална, верска или партиска припадност, и по шест години кандидатски статус даваат своја поддршка во однос на прашањето за членство на Република Македонија во Европската унија. На реформите, пред сè, гледаме не како исполнување на услов за влез во европското семејство, туку како можност за подобрување на севкупното живеење на граѓаните“, рече Вељаноски пред Орав.

Евроамбасадорот вети дека ќе ја продолжи позитивната работата на неговите претходници. Потенцираше дека Делегацијата на ЕУ во Скопје ќе биде на потребното ниво на подготвеност за евентуалниот старт на пристапните преговори меѓу Македонија и Европската унија.

Естонскиот дипломат Аиво Орав формално ќе започна својот мандат како Шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје во понеделникот, откако ги предаде акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов. /крај/со/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Утре претежно сончево, кон крајот на денот зголемена облачност

Објавено пред

До крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.

dobivaj vesti na viber

Утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.

Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Објавено пред

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката Данела Арсовска дали знае, дека изгореа Дрисла и Вардариште а како што вели Скопје е затрупано со смет кој никој не го собира.

dobivaj vesti na viber

„Добар ден градоначалничке?

Како сте?

Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате. Орце се утепа од работа да го гаси вашиот пожар.

А со ЈСП до каде сте?

Нели Скопје ќе го правевте модерен град“.

За Зоолошка, вели Кирков да не правиме муабет.

„Таму животните умираат од болести од 19 век. Ова се лошите вести, добрите се што Скопје ќе ве преживее.

Си одите уште месец дена“, пишува тој во објавата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утревечер собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје: со ѕвездено небо и молк да обележиме шест месеци од масакрот во Кочани

Објавено пред

Утре во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи собир на кој ќе се обележат шест месеци од пожарот во дискотеката во Кочани со 62 жртви и над 200 повредени.

dobivaj vesti na viber

Иницијативата „Кој е следен?“ и студентски активисти повикуваат на достоинствено сеќавање, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска одговорност.

„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно . таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.

Обвинението, поднесено во јуни, сè уште не е оценето од надлежниот суд, поради обемноста на предметот и бројните приговори од страна на обвинетите. Вкупно 34 физички и три правни лица се соочуваат со обвиненија.

Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организира и во други градови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија3 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ4 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија5 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија6 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија6 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија6 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија7 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија7 часа

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија8 часа

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...

Македонија8 часа

„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во...

Македонија10 часа

„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје....

Топ12 часа

Двајца претепале човек во Паркот на жената борец: починал во болница, Обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија22 часа

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија23 часа

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...

Македонија1 ден

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“...

Македонија1 ден

(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад...

Македонија1 ден

„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот...

Македонија1 ден

На Клиника задржана жителка на Трубарево, лекарска помош побарале и директорот на ЦУК, војник и полицаец

Во моментот на Клиниката за токсикологија е хоспитализирана една жителка на Трубарево, која живее во непосредна близина на магацинот за...

Македонија1 ден

Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот...