Македонија
СДСМ: Погрешните политики доведоа до инциденти
Веќе неколку дена сме сведоци на серија инциденти кои во најголем дел имаат меѓуетничка димензија, а истовремено покрај оправданата загриженост на граѓаните, одговорните институции и органи не ја сфаќаат доволно сериозно целата ситуација, велат од најголемата опозициска партија.
Веќе неколку дена сме сведоци на серија инциденти кои во најголем дел имаат меѓуетничка димензија, а истовремено покрај оправданата загриженост на граѓаните, одговорните институции и органи не ја сфаќаат доволно сериозно целата ситуација, велат од најголемата опозициска партија.„Погрешните политики на коалицирање околу тендери и договори, а не околу интересите на граѓаните и државата, доведоа до ситуација инцидентите да станат секојдневие. За жал, денешните настани се логична последица на непринципиелните политички договори околу Калето, хашките случаи, пазарот околу измените на имињата на училиштата и улиците“. рече во саботата пратеникот Јани Макрадули, член на Извршниот одбор на СДСМ. Дополнително, погрешните политики на економски план довеле до тоа повеќето млади луѓе да бидат невработени и бесперспективноста да биде плодна почва за манипулирање со нив, смета Макрадули. „Тоа што посебно загрижува е несериозниот однос на премиерот. Наместо од седница на Влада да соопшти кои мерки ги презема Владата, премиерот прави пародија од инцидентите, промовирајќи автобуси, како да не го информирале дека токму автобусите станаа синоним за инцидентите“, дополни Макрадули апелирајќи „ситуацијата да се сфати крајно сериозно и владејачката коалиција да не бега од одговорноста за случувањата“./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

