Македонија
Тешко ранет жител на Рашче
Жител на скопското село Рашче се наоѓа во критична состојба, откако вечерва бил нападнат од страна на шест непознати лица, при што се здобил со неколку прострелни рани.
Жител на скопското село Рашче се наоѓа во критична состојба, откако вечерва бил нападнат од страна на шест непознати лица, при што се здобил со неколку прострелни рани.Инцидентот се случил во 18.35 минути на патот на Рашче и Радуша, кај месноста викана Чатал, каде Агим Т. (1981) жител на Рашче, бил нападнат од заседа.Како што информира МВР, напаѓачите побегнале со две возила опел, едното бела боја, а другото боја вишна. Возилата се пронајдени кај рибникот во околината Радуша, кој се наоѓа во близина на границата со Косово.Нападнатиот веднаш бил префрлен во општата градска болница “8-ми септември“ и според првичните податоци, неговата здравствена состојба е исклучително тешка.МВР интензивно трага по сторителите и работи на расветлување на случајот.Според неофицијални податоци, нападнатиот бил сопственик на менувачница. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

