Македонија
Расчистен инцидентот кај гостиварско Здуње
Секторот за внатрешни работи Тетово денеска соопшти дека успеа да го расчисти физички напад што се случи завчера во гостиварското село Здуње.
Секторот за внатрешни работи Тетово денеска соопшти дека успеа да го расчисти физички напад што се случи завчера во гостиварското село Здуње.Идентификувани се двете лица кои во близина на селската автобуска станица го нападнале 17-годишниот Д.С, Тие откако пристигнале на местото на настанот со возило, веднаш се нафрлиле над жртвата, удирајќи го со тупаници и клоци по главата и телото, по што избегале.Двајцата напаѓачи И.И (17) и А.И (16) од Здуње, во присуство на нивни роднини, беа повикани во Полициската станица Гостивар и во разговорот рекле дека пред извесно време наводно тие биле нападнати од други непознати лица. Против двајцата малолетници, учесници во физичкиот напад, ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението на МВР. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

