Контакт

Македонија

Избирачите неодлучни за партија, ВМРО-ДПМНЕ уште во голема предност

Објавено пред

Избирачите во Република Македонија во најголем процент не знаат или уште не се одлучиле за која партија, но во сите шест категории од испитувањето на јавното мнение што во петокот го објави Институтот Павел Шатев

dobivaj vesti na viber

Избирачите во Република Македонија во најголем процент не знаат или уште не се одлучиле за која партија, но во сите шест категории од испитувањето на јавното мнение што во петокот го објави Институтот Павел Шатев, владејачката партија ВМРО_ДПМНЕ има значителна предност пред најголемата опозициска партија СДСМ.Највисок рејтинг во истражувањето спроведено меѓу 12-ти и 15-ти март годинава, и натаму има владејачката ВМРО-ДПМНЕ, по која следуваат СДСМ, ДУИ, ДПА и НДП.На прашањето „доколку утре има парламентарни избори, за која партија ќе гласате“, 23,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 13,9 отсто од испитаниците се определиле за СДСМ, владејачката партија од албанскиот кампус ДУИ има доверба од 6.8 отсто, а опозициските парламентарни албански партии ДПА и НДП имаат доверба од 3,9 и 1,2 проценти. Вонпарламентарните Либерал-демократската партија (ЛДП), ВМРО-Народна партија и Обединети за Македонија имаат рејтинзи од 0,8, 07, и 0,1 отсто. Но висок е процентот – 14,9 отсто од испитаниците кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниедна политичка партија, за друга би гласале 2,5 отсто а со „не знам“ или немале одговор дури 31,3 отсто од избирачите. Висок е, исто така, процентот на македонските избирачи коишто немаат доверба во ниту е еден домашен политичар – 28,1 отсто, вкупно 9 проценти се изјасниле за други политичари, а без одговор на прашањето „На кој политичар најмногу му верувате?“, останале 16.7 отсто од анкетираните. Премиерот Никола Груевски како челник на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се уште има највисок рејтинг меѓу македонските политичари – чисти 24 отсто. Лидерот на СДСМ, поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски речиси е со трипати помал рејтинг од 8,6 отсто, додека неговата сопартијка Радмила Шеќеринска има рејтинг од 2,3 проценти. Пред поранешната лидерка на социјалдемократите, според довербата кај избирачите се лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 6,5 отсто, претседателот на ДПА, Мендух Тачи со 3,6 отсто, а зад Шеќеринска е претседателот на НДП и градоначалник на Гостивар Руфи Османи со рејтинг од 1,2 отсто. Не знаат или не дале одговор на прашањето „Која партија ќе победи на локалните избори?“ идната година, дека ниедна нема да победи (?!) рекле 3,2 отсто а вкупно 1,1  проценти од испитаниците навеле други партии. Во оваа сфера ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност преде СДСМ, односно 32,4 отсто од прашаните сметаат дека таа ќе биде победник на следните локални избори, наспроти 15,1 отсто коишто се изјасниле во полза на најголемата опозициска партија. ДУИ како победник на локалните избори во 2013 година ја гледаат 8,3, ДПА – 3,1 а НДП – 0.4 отсто од избирачите. Учесниците во испитувањето на јавното мнение на Институтот „Павел Шатев“ биле прашани „Доколку мора да изберат една партија, за која би се решиле“. На ова со не знам или воопшто не одговориле 35,1 отсто од испитаниците, за ВМРО-ДПМНЕ би се определиле 30,3, за СДСМ 15,8, за ДУИ 9,3, за ДПА 6,2 а за НПД 3,1 отсто од избирачите. Македонските избирачи имаат огромна перцепција дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има подобра политичка програма, односно така одговориле 49 отсто испитаници на прашањето „Која партија има подобра програма?“. Програмата на СДСМ, пак, ја преферираат 23 отсто додека нерешителни по ова прашање се 28 од анкетираните. ВМРО-ДПМНЕ е надмоќна и во поглед на прашањето „Која партија има подобра организација?“, со дури 56 отсто, додека 22,8 отсто од испитаниците сметаат дека СДСМ е подобро организирана, а не одговориле 21,1 отсто. Резултатите од анкетата коишто подлежат на статистичка грешка од плус/минус 3 отсто во споменатиот период телефонски е спроведена врз репрезентативен примерок од илјада  испитаници. Во истражувањето спроведено на ниво на целата територија на Република Македонија, пропорционално биле опфатени сите шест изборни единици, со вклучување и на други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, образование и етничка припадност. Дополнителна поделба била направена и според местото на живеење./крај/ипв/сн

Македонија

(Фото) Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во рамките на караванот „Се гледаме во маало“, се сретна со жителите на Водно. Средбата помина во конструктивна атмосфера, каде отворено беа споделени проблемите и предлозите за унапредување на маалото.

dobivaj vesti na viber

Жителите побараа поставување урбана опрема на повеќе локации, а изразија загриженост за безбедноста во сообраќајот, поради несовесните возачи. Побараа „лежечки полицајци“ и сообраќајни знаци за намалување на брзината, како и редовно кастрење на зеленилото што го попречува пешачкиот простор. Ја пофалија и работата на хигиеничарите кои , како што рекоа , се постојано на терен и посветено се грижат за чистотата, известува општина Центар.

Герасимовски посочи дека континуирано се работи на подобрување на патната инфраструктура во општината. Во делот на Долно Водно е завршена реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“, на потег долг 700 метри, за што се издвоени 13 милиони денари.

Претходно беше реконструирана и улицата „Антон Панов“.

„Инфраструктурата и поврзаноста на Центар ни се приоритет. Реконструиравме 20 улици низ целата општина, затоа што секое маало заслужува уреден јавен простор и безбедни улици“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Караванот продолжува денеска во Пајко Маало (кај Филхармонија), со почеток во 18:30 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалецот Ацо Велковски, кандидатот на СДС за општина Лозово, е сигурна формула за длабок пораз

Објавено пред

„СДС нема квалитетни кадри и како резултат на тоа по четврти пат во Општина Лозово го кандидира Ацо Велковски. Доколку СДС имаа луѓе со капацитет, немаше да го кандидраат човекот кој има доживеано два локални порази и кој зад себе има повеќе кривични дела“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Велковски е осуден за повеќе кривични дела и тоа за несовесно работење за кое му е изречена казна затвор од времетраење од 1 година и 6 месеци. За кривичното дело проневера во служба, на Велковски изречена му е казна затвор од 8 месеци која беше заменета со алтернативна мерка условна осуда.

Освен овие две Велковски има и уште едно кривично дело и тоа за неовластено навлегување во компјутерски систем, за што судот му изрекол казна затвор од 3 месеци и истата е заменета со алтернативна мерка-условна пресуда.

И ова како да не е доволно за криминалната матрица на СДС, Венко Филипче повторно го избра Ацо Велковски да биде кандидат на локалните избори.

И ова не е ништо друго освен сигурна формула за загарантиран и длабок пораз на СДС на претстојните избори.

СДС повторно ќе „трча“ со истите луѓе кои имаат длабоко криминално досие, но граѓаните препознаваат и нема да дозволат општината да се врати во времето кога се бркаа бремени жени од работа, и кога се изживуваа со вработените во општинската администрација.

Ацо Велковски, кој работеше исклучиво само за свои лукративни цели не може да биде вистинскиот избор за Општина Лозово.

Наспроти овие кадри, кои се и повеќе од познати во јавноста по своите криминали, ВМРО-ДПМНЕ нуди кадри поткрепени со знаење и професионализам“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Влен“: Али Ахмети, дијаспората заслужува одговор – со каков договор ја предаде?

Објавено пред

Од

По долго молчење, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, конечно реши да проговори. Да се каже дека „пописот бил во рамките на договорите“ не претставува само јавно признавање на одговорност, туку и шокантен доказ за политичките пазарења направени на грбот на албанската дијаспора. Оваа изјава не е објаснување, туку скандал, велат од Влен.

dobivaj vesti na viber

Затоа, додаваат од коалицијата, Али Ахмети мора јасно да одговори: со кој договор, со кого беше постигнат, во чие име и дали тој договор значеше бришење на албанската дијаспора од официјалните регистри?

„Ако е така, тогаш тоа мора јавно да се признае. Дијаспората заслужува одговор, а одговорноста е неизбежна. ВЛЕН ќе продолжи да го крева гласот за правата на секој Албанец, во земјата и во дијаспората. Дијаспората не е бројка што може да се избрише, туку срцето што ја одржува живa економијата и надежта на оваа земја. Ние го цениме нивното жртвување и сме решени да не дозволиме ниту една политичка измама да го негира нивниот придонес“, велат од Влен.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Го удрил со тупаница докторот што му давал лекарска помош, а потоа тепал и полицајци: предложен притвор за 28-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз...

Македонија3 часа

Арсовска со отворено писмо до Михалис Рокас: Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска упати отворено писмо до Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија во Македонија. „Почитуван господин...

Свет4 часа

Трамп остро му одговори на Маск: Без субвенции, би се вратил дома, во Јужна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно јавно го нападна Илон Маск, тврдејќи дека без владини субвенции, шефот на „Тесла“, „Спејс Екс“...

Свет4 часа

Маск жестоко го нападна законот на Трамп: „Ќе изгубат, дури и ако ми е последно“

По објавувањето на неговото повлекување од политичкиот свет, милијардерот и основач на Тесла, Илон Маск, речиси веднаш се врати во...

Свет5 часа

Трамп потпиша укинување на санкциите против Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите на САД врз Сирија, со што се...

Свет5 часа

Палестинците во Газа протестираа со фотографии од убиени израелски деца

Група Палестинци во Појасот Газа покажаа слики од израелски деца убиени од Хамас на 7 октомври 2023 година, за време...

Македонија16 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија18 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија20 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија22 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија23 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија23 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија24 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија1 ден

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија1 ден

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион1 ден

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет1 ден

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа1 ден

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија1 ден

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...