Македонија
Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Србија потпишаа Декларација за соработка во граничната безбедност

Со потпишувањето на министерската Декларација за соработка на полето на граничната безбедност од страна на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со нејзините колеги од Република Србија, Република Босна и Херцеговина и Република Црна Гора,
Со потпишувањето на министерската Декларација за соработка на полето на граничната безбедност од страна на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со нејзините колеги од Република Србија, Република Босна и Херцеговина и Република Црна Гора, како и заменик министерот на Република Албанија, Ивица Дачиќ, Садик Ахметовиќ, Иван Брајовиќ и Авенир Пека, во петокот заврши Деветата годинешна министерска конференција за соработка на полето на граничната безбедност во југоисточна Европа чиишто домаќин беше македонското МВР, а под покровителство на данското претседателство со Европската унија.
Како што истакна министерката Јанкулоска во своето обраќање пред потпишувањето на Декларацијата, во рамките на четвртата последна работна сесија на Конференцијата, во изминатите десет години на реализација на Програмата за гранична безбедност на ДЦАФ остварен е огромен напредок во оваа област.
„Тогашниот, таканаречен милитаристички пристап кон граничното обезбедување беше заменет со нов, современ концепт кој гарантира “отворени, но добро контролирани граници“, преку изградба на систем за гранична безбедност, кој пред се, ќе биде ориентиран кон заедницата и во служба на граѓаните“, потенцираше Јанкулоска.
А дека реализацијата на таа Програма оди во вистинска насока, односно успешно се имплементира, според Јанкулоска, потврдуваат и редовните позитивни извештаи и оценки на оценските мисии на Европската комисија за активностите во областа на граничното работење.
Покрај ова, министерката Јанкулоска како претседавач на Конференцијата на крајот од работната сесија ги презентираше и предлог заклучоците од дводневната работа кои воедно станаа дел од заедничката министерска Декларација за соработка./крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.