Македонија
Македонците сметаат дека се добро информирани за ЕУ
Македонските граѓани сметаат дека се добро информирани за прашања поврзани со Европската Унија, покажува последното истражување на Евробарометар, кое се спроведува во 27-те земји членки на унијата и петте земји кандидати.
Според истражувањето, спроведено во ноември 2011 година, 43 отсто од македонските граѓани сметаат дека се добро информирани за прашања поврзани со Европската Унија, што е за пет отсто повеќе споредено пред со пред една година и 10 отсто повеќе споредено со резултатите на ниво на унијата.
Големо мнозинство на граѓани во унијата и во Македонија ја користат телевизијата како извор за информации поврзани со Европската Унија. Четири пати повеќе испитаници во Македонија споредено со унијата сметаат дека телевизијата нуди премногу информации поврзани со ЕУ (44% наспроти 11%), додека 39% во Македонија и 54% во Европската Унија мислат дека се презентира соодветно количество на информации поврзани унијата. Речиси еднаков процент од граѓаните (околу 42%) во Македонија и во ЕУ сметаат дека телевизијата премногу позитивно ги преставува прашањата поврзани со Европската Унија.
Истражувањето е спроведено од 5-ти до 20-ти ноември 2011 година. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

