Македонија
28 прекршоци поради непропуштање пешаци во Тетово, казни и до 250 евра
Tетовската полиција вчера спроведе акциска контрола дали и колку од возачите им даваат предност, односно првенство на пешаците, во која се откриени и санкционирани вкупно 28 прекршоци.
Најголемиот број од прекршоците (20) се однесувале на непропуштање на пешаците на обележани пешачки премини, соопшти МВР.
На возачите прекршители изготвени им се законски предвидени поднесоци и ќе се соочат со глоби, кои се движат од 20 до 250 евра во денарска противвредност, а некои од прекршителите и со привремено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. Покрај ова, санкционирани исто така биле и 9 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово со уште едно укажување до возачите задолжително да им даваат предност на пешаците и секогаш да ги пропуштаат, а особено да внимаваат на улиците на кои нема обликувани тротоари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

