Македонија
Премиерот Груевски се сретна со Карлос Слим

Македонскиот премиер Никола Груевски во зградата на Владата го прими во моментов најбогатиот човек на светот мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим пристигна, при што дискутира за повеќе теми.
„
Очекуваме дека со дел од проектите коишто ќе ги презентираме, ќе поттикнеме интерес кај него и неговите соработници, во рамките на секторите со кои тој се занимава, енергетиката, рударството, телекомуникациите“, рече Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација, откако во саботата попладне најбогатиот човек на светот, Карлос Слим, кој беше пречекан од премиерот Никола Груевски.
Телекомуникацискиот магнат Мексиканецот со либанско потекло Карлос Слим допатува во Македонија за да учествува на конференцијата на Комисијата за информациски технологии формирана од Меѓународната телекомуникациска заедница и Унеско, со која претседава токму тој. Конференцијата ќе трае во понеделник и вторник во Охрид и првпат се одржува во овој регион бидејќи до сега средбите на нејзините членови биле исклучиво во Женева, Њујорк и во Париз.
Како што рече за медиумите министерот Иво Ивановски, на чија лична покана Слим доаѓа во Македонија, Владата веќе има предложено неколку проекти кои ќе бидат ставени на маса и за кои ќе се дискутира со Слим. Тој рече дека се надева оти ова нема да биде прв контакт и дека по посетата ќе остане можноста за поголема комуникација со претставниците на неговите компании.
Ивановски рече дека Слим е добро запознат со Македонија, знае за стапката на невработеноста, задолженоста, гранките кои имаат потенцијал, кои се најголеми извозници, кои се потенцијалите во енергетиката, металството, и телефонијата.Како што изјави Ивановски, на средбата со премиерот Никола Груевски, било дискутирано и за образованието, односно за проектите за модернизација на образованието што ги има Владата.
„Тој е познат филантроп и од својата Фондацијата што ја има во Мексико инвестира многу за модернизација на училиштата, воведување инфомациски и телекомуникациски технологии“, рече Ивановски
„Досега не инвестирал во Европа, но заинтересиран е за проширување на бизнисот. Во едно интервју изјавил дека никогаш не ги чува парите, туку постојано ги инвестира во нови бизниси, и на тој начин ги зголемува“, дополни Ивановски.
На новинарско прашање нали Слим изразил поконкретен интерес, Ивановски прецизираше дека денешниот прв состанок претставува запознавање и дека во недела е планиран работен состанок, на кој е најавено и присуство на седум деловни пријатели на Слим кои пристигнаа со него во Македонија, со економскиот тим на Владата на кој ќе му бидат презентирани владините проектите за привлекување странски директни инвестиции.
„Сѐ уште е рано, но како што кажа битно е да ја види прво земјата и да види кој раководи со државата. Му се допадна младиот владин тим и од она што е избрифиран и согледувајќи ги резултатите што Македонија ги има направено во изминатиот период, кога имаше економска криза, а Македонија се покажа дека добро знае да владее со економските сектори, дека имавме позитивни резултати, тоа за него особено значи“, рече министерот Ивановск.
Според магазинот Forbes, 72-годишниот Карлос Слим трета година е најбогатот човек на светот, пред Бил Гејтс и Ворен Бафет. Неговото богатство е проценето на 69 милијарди долари. Своето богатство го стекнал во секторот на телекомуникациите, трговијата, финасиите, суровините и енергетиката. Тој е претседател и главен извршен директор на телекомуникациските компании Телмекс и Америка Мовил./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.