Македонија
Протест за случајот Смилковци
Како што беше најавено преку социјалните мрежи во петокот од Јаја паша во Скопје, група од претежно млади луѓе се упатија кон Основниот суд Скопје, како што велат, да го изразат револтот од наводите дека сторителите на убиството кај скопското село Смилковци се исламистички терористи.
Како што јавува репортерот на Макфакс, групата од неколку стотина лица ги повикува и случајните минувачи да им се придружат.
Се извикуваат пароли како „Албанците се муслимани, но не се терористи“ и „Нема да дозволиме да минат монтирани процеси“.
Засега нема најава кој стои зад ненајавениот протест.
Министерството за внатрешни работи во вторникот поднесе кривични пријави за „тероризам“ против петте лица кои учествувале во масакрот којшто се случи на 12-ти април кај Смилковското езеро во близина на Скопје, кога беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 20 години и еден 45-годишен жител на село Црешево.
Против десетмината ослободени МВР поднесе посебен извештај и побара краткорочен притвор затоа што изрази сомнежи дека помагале во вршење тероризам.
Во акцијата беа приведени вкупно 20 лица, меѓу кои петмина се осомничени дека се директни извршители на масакрот. Двајца од осомничените за убиство се во бегство, а на помагачите и на еден кој е осомничен за директно извршување на убиството им е одреден 30-дневен притвор кој ќе го издржуваат во Битола. Четворица се осомничени за нелегално поседување на оружје и им е одреден 30 дневен притвор кој ќе го издржуваат во Прилеп./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

