Македонија
Иванов: Да го оставиме судот да донесе одлука за петкратното убиство
Кога имаме едно грозоморно убиство треба да го оставиме судот да си донесе одлука, непристрасна одлука, согласно законите, како што се случува во секоја земја кога има таков чин, вели претседателот Ѓорге Иванов по најавите за протести по апсењата за петкратното убиство кај Смилковското езеро.
По посетата на Министерството за надворешни работи, Иванов порача дека како земја Македонија мора да покаже сериозност и институционално да се справи со вакви случаи, како што е петкратното убиство.
„Знаеме дека има најавено протести. Тоа е демократско право. Во услови на демократија секој може јавно да ги искаже своите ставови. Меѓутоа, секој пат јас апелирам сите тие активности да се во граници на она што го нарекуваме јавна пристојност. Секој може да реагира, секој може да го искаже својот став, тоа е демократијата, меѓутоа има прашања за кои не може да се искажува таков револт и став, а тоа е работа на судовите. Кога имаме едно грозоморно убиство, треба да го оставиме судот да си донесе одлука, непристрасна одлука, согласно законите, како што се случува во секоја земја кога има таков чин. Така што, апелот е секој да го искаже својот став, меѓутоа кога станува збор за прашања кои се од наш интерес, кога како држава мора да покажеме како сериозност, на пример како кандидат за Унијата, кандидат за НАТО, мора да пројавиме капацитет институционално да се справуваме со ваквите проблеми и мора тоа на дело да го имаме“, изјави претседателот Иванов.
Во врска со постапката за избор на нови амбасадори, Иванов вели дека официјално нема да бидат соопштени имиња сé додека не се добие согласност од земјата каде се именува амбасадорот.
„Трае постапката, меѓутоа мора како одговорна земја да се однесуваме согласно меѓународните стандарди и принципи. Виенската конвенција за дипломатија забранува истакнување на кое и да е име пред да се предадат акредитивите. Така што сите имиња може да ги сметате и како шпекулации, и како можеби лични најави на нечии амбиции. Ние сакаме и истрајуваме и секогаш министерството и јас настојуваме имињата да не се соопштуваат сé додека не се добие од земјата во којашто се праќа – позитивен одговор“, изјави претседателот Иванов.
На денешниот состанок со шефот на дипломатијата Никола Попоски и политичките директори во МНР, Иванов бил информиран за тековните прашања во однос на надворешната политика, состојбите во регионот и ЕУ, како и за односите со земјите од непосредното опкружување. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

