Македонија
Бедем бара извинување од Савова
Здружението на припадници на безбедносните сил реагираше и ја осуди изјавата на Наташа Савова, пратеник од опозициската СДСМ и член на партиското раководство, со која, како што рекоа, дала поддршка на протестите од петокот против апсењето на осомничените за петкратното убиство Смилковци.
„Во петокот Наташа Савова напиша дека протестантите ‘барем ја погодиле целта’. Таа госпоѓа треба да знае дека како последица на тие протести од вчера, беа повредени шест припадници на безбедносните служби. Зарем за неа и тоа е цел? Беа повредени и ваши колеги, новинари и камермани. Зарем и тие за Савова беа цел која треба да се погоди?“, рекоа во саботата претставниците на Бедем во скопскиот парк Жена борец пред Споменикот на бранителите спроти Собранието на Република Македонија
Прашаа дали тоа што полицајци беа повредени, значи „дека е исполнета желбата на Наташа Савова за некој да ја погоди целта“ и дали треба да страдаат невини луѓе за некој да поентира политички.
„Во целата омраза што очигледно оваа госпоѓа ја има кон државната власт, заборава дека зградата на Владата на Република Македонија е зграда на сите граѓани, дека таа зграда не е во сопственост ни на оваа, ни на било која друга власт. Дали Савова во својата слепа опседнатост во борбата за власт заборави дека државата, чувањето на интергитетот на нејзините институции и луѓето кои работат на тоа се поважни од оваа нејзина желба? Нека си се борат за власт, ама нека не нé навредуваат нас граѓаните. Не можеме да веруваме до каде некои политичари, кои зимаат плата од нас граѓаните, може да отидат во својата дрскост, омраза едни кон други и желбата да се пресметуваат на грбот на нас граѓаните“, рекоа од Здружението на припадници на безбедносните сили
Побараа од Савова лично јавно да се извини поради ваквиот коментар со кој ги навредила чувствата на илјадници граѓани.
„Ако нема доблест тоа да го направи Савова, тогаш нејзината партија треба да се огради од ваквите коментари и да се извини за срамот што вчера го направи овој нивен висок функционер, член на раководните органи на партијата СДСМ“, рекоа од Бедем.
Тие нагласија дека како припадници на безбедносните служби на земјата, не се бореле за ниту една партија, туку единствено државата и зачувувањето на интегритетот на нејзините институции и дека нема да дозволат никој со потсмев и ароганција да ги напаѓа припадниците на МВР./крај/со/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

