Македонија
Конференција: Каде сме денеска, а каде треба да бидеме утре?
Вооружените сили на Република Македонија , како дел од поширокиот национален безбедносен систем, природно е да се приспособуваат на современото сфаќање на ризикот, предизвиците, заканите на мирот, безбедноста и стабилноста на Македонија.
Ова го истакна министерот за одбрана Фатмир Бесими на научно-стручната конференција „MILCON 12“ со работен наслов „Процесот на планирање и донесување одлуки во современите операции- Каде сме денеска, а каде треба да бидеме утре?“ на која дебатираа претставници на министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата на Република Македонија и експерти од областа на безбедноста.
„Актуелната економска криза во Европа брзсо се рефлектираше и на значајно намалување на националните одбрамбени буџети во скоро сите европски држави. Тоа се случува и со одбрамбениот буџет на Македонија. Во услови на недоволен буџет за одбрана процесот на развој на оперативни способности постанува уште покомплексен и бара ефикасно менаџирање со сите видови ресурси за да се обезбеди потребното ниво на развој на воените способностии капацитети“ рече Бесими.
Тој додаде дека интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ претставуваат стратегиски приоритети на државата.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека процесот на планирање и донесување одлуки во современите воени или цивилни операции при кризни состојби, претставува еден од оние базични системски перформанси според кои што се цени зрелоста и капацитетите на институциите на една држава.
Началникот на Генралштабот на АРМ, генерал – мајор Горанчо Котески вели дека имајќи предвид дека вооружените сили сами не можат да ги решат конфликтите и кризите, планирањето на современите операции е предизвик како за цивилните тела така и за воените структури.
„Од оваа причина основниот концепт за оперативно планирање е заменет со концепт на сеопфатно оперативно планирање. Основната разлика е што основниот концепт опфаќа само воен аспект и актери додека вторниот покрај воените ги опфаќа и цивилните структури и други аспекти“ рече Котески./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.