Македонија
Одбележување на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во Рим
Висока делегација на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Никола Груевски, во четврток, по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, ќе учествува на манифестацијата “Македонија во чест на Свети Кирил“ што ќе се одржи во Рим.
Во владината делегација, покрај премиерот Груевски, учествуваат и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска, амбасадорот на Република Македонија во Светата Столица, Ѓоко Ѓорѓиевски, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида.
Во рамки на посетата на Светата Столица предвидена е Аудиенција на премиерот Груевски кај папата Бенедикт XVI, а потоа и средба со кардиналот Тарчизио Бертоне, државен секретар на Светата Столица.
Потоа делегацијата ќе се упати во базиликата Сан Клементе каде што ќе се одржи молебен на гробот на Свети Кирил и ќе се положат венци.
Попладнето во музејот Монтемартини е предвидено отворање на изложбата “Античките теракотни фигурини“ од страна на министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска, а предвиден е и концерт на Ана и Игор Дурловски во пијано придружба на Алесандро д’Агостини. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

