Македонија
Иванов на самит на шефови и држави на ЈИЕ во Мостар
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во сабота и недела ќе престојува во Мостар, БиХ, каде што ќе учествува на 10-тиот УНЕСКО регионален самит на шефови на држави на ЈИЕ.
Самитот насловен „Верско и културно историско наследство како основа за интензивирање на соработката меѓу државите“, е во рамки на форумот „Дијалог меѓу цивилизациите“.
Предвидено е Иванов да оствари билатерални средби со претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ и со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.
Во недела македонскиот претседател ќе се обрати на првата пленарна сесија на форумот.
Првиот ваков самит беше оддржан во Охрид во 2003 година на иницијатива на поранешниот претседател Трајковски. Проектот „Дијалог меѓу цивилизациите“ кој е поддржан и од УНЕСКО, во 2013 година повторно ќе се одржи во Република Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

