Македонија
Седница на Управувачкиот комитет за изборната реформа

Управувачкиот комитет за изборна реформа, со кој претседава вицепремиерот Теута Арифи во вторник ја одржа својата треба средба во Секретаријатот за европски прашања.
На состанокот се презентираа досегашните активности на двете работни групи формирани во рамките на Управувачкиот комитет за измена на изборното законодавство и за проверка на Избирачкиот список.
Во однос на активностите за измена на изборното законодавство е посочено дека се одржани шест состаноци на работната група на кои се разгледуваа конкретните предлози за измена и дополнување на одредбите од Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии.
Конечните предлози за измена на изборното законодавство ќе се презентираат на јавни дебати со цел да се обезбеди поголем консензус и транспарентност на процесот. Работната група за проверка на Избирачкиот список има утврдено методологија според која надлежните институции тековно вршат проверка на податоците во Избирачкиот список согласно препораките во Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори од 2011 година.
Управувачкиот комитет за изборна реформа беше формиран со цел да се адресираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР во насока на подобрување на изборниот процес, а во него членуваат претставници на релевантните државни институции, невладиниот сектор и меѓународната заедница. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Промнеливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.